Започнаа градежните работи за санација на горниот слој од Ленишки мост на регионалниот пат Прилеп – Плетвар. Бидејќи една од главните регионални сообраќајни артерии, која што нема алтернативен пат, сообраќајот ќе се одвива по десната коловозна лента во правец Плетвар-Прилеп, сооопштуваат од Автомото сојузот на Македонија и Регионалниот центар за...
Во Центарот за култура Марко Цепенков,вторник, на 12 ти мај од 20 часот ќе се одржи голем хуманитарен концерт за помош во лекувањето на Моника, која боледува од рак. Големите македонски фолк ѕвезди обединети во хуманата мисија, ќе учествуваат: Спасен Силјаноски, Благоја Груевски, Влатко Миладиновски, Дарко Стојаноски, Стојне Николова, Елена...
ОВР Прилеп поднесе известување против ученик во средно училиште во Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерски фалсификат”. Пријавениот, со лажно претставување дека е наставник по англиски јазик од основно училиште во Виница, креирал профил и стапил во контакт со вработена во Министерство за образование и...
На стартот на 14 та Седница на Совет на Општина Прилеп, повеќе од два часа советниците дискутираа по прдедлог – одлуката на опозицијата за „Изготувување на студио за влијанието на концесиите врз животните средини и формирање на месна заедница во с Оревоец, како и по прашањето “зошто не е свикана...
В недела, на 10 ти мај на тениските игралишта во Прилеп во близина на Могилата на непобедените ќе се одржи едукативен настан за нови родители и промоција на книгата „Време е за Даро“. Едукативно-поддржувачкиот настан е наменет за нови родители или родители на деца до 3 годишна возраст, со цел...
Пред општинската зграда денеска се одржа собир во организација на неформалната група „Спас за Прилеп“. Собирот се реализира како знак на поддршка на дел од советниците кои започнаа иницијатива за отпочнување на постапка за научна студија за влијанието на рудниците за мермер во прилепско и основање на месна заедница во...
Советникот, Мирјана Стеваноска на 14 -тата Седница на Советот на Општина Прилеп денеска одлучи да биде независен советник во Советот на Општина Прилеп. Ваквата одлука Стeвanoскa, како што рече на денешната редовна седница од говорницата, на прилепскиот Совет, ја донела лично и без ничие влијание. Стеваноска во Советот на Општина Прилеп...
Од денеска, Прилеп има и официјалнен простор, со повеќе впечатливи контејниери, односно собирно место за одлагање на електричен и електронски отпад, отпад од текстилни производи, стаклена амбалажа, хартија и пластика, отпад кој не припаѓа ниту во зелената , ниту во жолтата канта. Комуналната опрема за собирање на електричен и...
Кривична пријава против стрелачко друштво од Прилеп, против управителот и ракувачот со оружје за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ ОВР Прилеп во координација и содејство со Одделот за криминалистичка полиција – Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен...
Во рамките на проектот „Чистиот воздух стандард во градинките во Прилеп“, Ротари клубот Прилеп опреми уште две детски градинки во градот со професионални прочистувачи на воздух, со најсовремени филтри од реномиран производител. Во оваа прилика прочистувачи за воздух добија градинките „Тризла“ и „Гоце Делчев“. Ротари клубот Прилеп донираше вкупно осумнаесет...
По повод 7 Мај – Денот на македонската полиција градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски го посети Одделението за внатрешни работи (ОВР) – Прилепи се запозна со работењето на припадниците на Министерството за внатрешни работи. Тој при оваа прилика изрази благодарност за нивната посветеност, професионалност и пожртвуваност во секојдневната грижа за...
Во работна посета на Општина Прилеп беше Шведскиот амбасадор во Македонија, Ола Сулстром. Всушност, тој заедно со градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски и преставници од SALAR, (шведска асоцијација на општини и региони) која ги поддржува општините во двата региона Пелагонискиот и Југозападниот регион во управувањето со отпадот, ја разгледаа фабриката...