Хуманитарен концерт на македонските фолк ѕвезди за Моника во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во Центарот за култура Марко Цепенков,вторник, на 12 ти мај од 20 часот ќе се одржи голем хуманитарен концерт за помош во лекувањето на Моника, која боледува од рак.

Големите македонски фолк ѕвезди обединети во хуманата мисија, ќе учествуваат:  Спасен Силјаноски, Благоја Груевски, Влатко Миладиновски, Дарко Стојаноски, Стојне Николова, Елена Велеска, Елена Јовческа, Мирослав Мирчески, Методија Столески, Марјан Коцев и КУД „Моминок“.

Влезниците се по цена од 250 денари и можат да се набават на билетарницата од Центарот секој ден од 11 до 13.00 ч. и 18.00 до 20.00 ч.
Терапијата во Турција дава надеж за лекување на Моника за победа над болеста и тоа шансата за живот на Моника, да помогнеме сите!!!

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Започна санацијата на Ленишки мост, сообраќајот се одвива по една лента

Започнаа градежните работи за санација на горниот слој од Ленишки мост на регионалниот пат Прилеп – Плетвар. Бидејќи една од главните регионални сообраќајни артерии, која што нема алтернативен пат, сообраќајот ќе се одвива по десната коловозна лента во правец Плетвар-Прилеп, сооопштуваат од Автомото сојузот на Македонија и Регионалниот центар за...

Прилепски средношколец се претставувал како наставник и ги координирал другите наставници

ОВР Прилеп поднесе известување против ученик во средно училиште во Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерски фалсификат”. Пријавениот, со лажно претставување дека е наставник по англиски јазик од основно училиште во Виница, креирал профил и стапил во контакт со вработена во Министерство за образование и...

Говорниците во прв план, решенијата во сенка – маратон на зборови на маратонска седница на Совет прва од ваков вид

На стартот на 14 та Седница на Совет на Општина Прилеп, повеќе од два часа советниците дискутираа по прдедлог – одлуката на опозицијата за „Изготувување на студио за влијанието на концесиите врз животните средини и формирање на месна заедница во с Оревоец, како и по прашањето “зошто не  е свикана...