Започнаа градежните работи за санација на горниот слој од Ленишки мост на регионалниот пат Прилеп – Плетвар. Бидејќи една од главните регионални сообраќајни артерии, која што нема алтернативен пат, сообраќајот ќе се одвива по десната коловозна лента во правец Плетвар-Прилеп, сооопштуваат од Автомото сојузот на Македонија и Регионалниот центар за управување со кризи:
Поради санација на горниот строј на Ленишки мост на км 47+900 на државен пат А1, делница Плетвар-Прилеп, на ден 11.05.2026 година ќе се изврши пренасочување на сообраќајот од една во друга лента (целиот сообраќај ќе се одвива на десната лента, правец Плетвар-Прилеп), соопштија од АМСМ.









