ЗОКУМ чести книги, а кафето е на ваша сметка

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

По повод Mесецот на книгата, Здружението за образование, култура и уметност ЗОКУМ од Прилеп ја првпат спроведува  акција за подарување на книги на граѓаните на Прилеп.

Станува збор за околу 250 книги од различни жанрови кои утре (8.11.2025)  со помош на учениците од ООУ ,,Климент Охридски” и ООУ ,,Кире Гаврилоски” ќе им бидат подарени на случајните минувачи низ центарот на Прилеп со цел да се промовираа книгата како незаменливо средство за наобразба и да се поттикне читањето како важна човекова активност.

 

Целата организација на настанот се реалзира со ресурси и средства на здружението ЗОКУМ.

 

–  Истовремено со книгозастанувачите (букмаркерите)  кои се наоѓаат во книгите а ќе бидат подарок заедно со книгата,  ги покануваме сите граѓани на нашата шеста по ред поетско-музичка вечер ,,Љубење со стихови” која ќе се одржи на 13.11.2025 во фоајето на НУЦК ,,Марко Цепенков” од 19.30 часот- велат од здружението.

 

Во соработка со граѓаните, културните, образовните и научните институции, со другите граѓански организации и со медиумите ЗОКУМ и натаму продолжува со низа активности во областа на образованието, културата и уметноста.

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Со „Девојките на Марко“ сцената оживеа со харизма, хумор и маестрална игра

Преку комедијата „Девојките на Марко“, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ и одличната актерската екипа: Наташа Ачански, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Лора Штарго, Димитар Ѓоргиевски и Илија Волчески, само потврдија и докажаа дека во Прилеп не е загубен духот на мајтапот, здравиот хумор, шегата и смеата. Публиката ракоплескаше со жар...

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...