Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983) .

Официјалниот дел на програмата ќе започне во 19:30 часот со обраќање на претседателот на Ротари клубот, Орде Ѓорѓиоски. Пред присутните ќе се обратат и раководителот на НТП „Војдан Чернодрински“, Михајло Миленкоски, како и Симеон Мони Дамески, син на Дарко Дамески.
Ќе биде прикажан омаж за Дарко Дамески, изработен од Горан Марковски. Предвидена е и проекција на филмот „Црно семе“, за чија улога Дарко Дамески ја добил наградата „Златна арена“ на фестивалот во Пула, а ќе биде отворена изложба посветена на ликот и делото на легендарниот актер Дарко Дамески.
Идејата и иницијативата за изложбата се на Саша Шотаровски, додека плакатот и поканите ги изработи неговата внука Бојана Чаминска Тиноко. Настанот е поддржан од Ротари клубот од Прилеп.

Снимен по сценариото на Ташко Георгиевски според неговиот истоимен роман, „Црно семе“ филмот беше деби на Ценевски и првиот македонски игран филм кој учествувал и бил наградуван на меѓународни филмски фестивали.

Дарко Дамески е роден на 12 мај 1932 година во Прилеп. На 17-годишна возраст се запишал на школување во тогашната Државна театарска школа во Скопје, која успешно ја завршил во 1952 година. Уште во текот на школувањето пројавил многу голем интерес за глума. Настапувал во Македонскиот народен театар, каде што во самиот почеток дошла до израз неговата приврзаност кон театарот и глумата. Во Македонскиот народен театар, каде што имал многу голем удел во неговото основање, има остварено повеќе настапи со значајни улоги. Исто така, има оставено свој белег и во повеќе филмски дела. Дамески својот прв филмски ангажман го забележал со епизодната улога во првиот македонски филм „Фросина“. По успешниот настап во првиот македонски филм, настапувал скоро во сите македонски филмови. Во повеќето од тие филмови има настапувано во главната улога или споредна улога. Ликот на Дарко Дамески беше присутен и на малиот екран, почнувајќи од првите ТВ драми на ТВ Скопје, до речиси сите телевизиски серии и други позначајни емисии и проекти. Неговиот физички изглед, односно неговата физиономија, ги одредила и ликовите кои што ги има интерпретирано. Тие ликови се, воглавно, негативци, со одредени исклучоци. Во својот живот има остварено многу значајни и успешни улоги, за коишто добил повеќе награди и признанија. Едно од неговите најголеми достигнувања беше глумата во филмот „Црно семе”, филм со кој на фестивалот во Пула станал добитник на наградата „Златна Арена”. Дамески бил активен во полето на актерстовото се до неговата смрт. Последните години од животот ги посвети на монодрамата, преку која остваруваше најширок контакт со публиката. Почина на 12 декември 1983 година во Скопје.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Агроном Ристеска: совети за земјоделците – навремена превенција против штетници и суша

Пролетта донесе многу дождови и големи температурни разлики, што предизвикува проблеми кај тутунот, пиперката и другите градинарски култури. Се очекува сушен период кој може да ја стегне почвата и да го спречи развојот на коренот, што доведува до жолтеење на листовите и намален раст. Високата влажност и наглите температурни промени...

Мицкоски: Да, денеска и утре ќе бидат исплатени субвенциите за тутун

Во текот на денешниот и утрешниот ден ќе бидат исплатени субвенциите од две милијарди денари за тутунарите иако рокот за исплата е до 30 јуни, соопшти премиерот Христијан Мицкоски кој денеска,15 јуни, е во посета на Битола каде во индустриската зона Жабени се отвара нова фабрика. Во одговор на новинарско...

🏃‍➡️Хуманитарна „Трка со срце“ во Прилеп – спортот е многу повеќе од натпревар🏃‍♀️‍➡️

Во  организација на Ротаракт Клуб Прилеп денеска се одржаа две хуманитарни трки во Прилеп „Трка со срце“ низ прилепските улици. На двете патеки од 5 км и од  10 км учествуваа над 300 учесници. Поттикнување на хуманост, заедништво и инклузија е поводот за настанот кој се организира за прв пат....