Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција.
Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат во централното градско подрачје, каде овие две јавни претпријатија има наплатен центар.
Ве информираме дена наплатниот центар во населбата Точила, ул,,Самоилова”, бр. 6, е повторно отворен. Во овој наплатен центар можете да ги плаќате комуналните сметки од ЈКП ,,Комуналец”- Прилеп и ЈКП,,Водовод и канализација.“ – информираат од ЈКП Комуналец на нивната ФБ страна.
Работното врема на наплатниот центар е од понеделник до петок, од 07:00 -15:00 часот.
Воедно граѓаните, кои сакаат да го користат електронското наплаќање без физичко присуство,  ќе можат   да го користат и електронскиот систем за наплата преку веб страна на ЈКП Комуналец,
За  подобрени услуги, за заедничка доверба, за услужени и задоволни граѓани, во чиста и уредена општина,  велат од ЈКП Комуналец, како слоган за нивното делување за почист град.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Учебната година заврши, започнува летниот распуст

Учебната 2025/2026 година денеска официјално заврши за околу 6.000 основци во десетте основни училишта во Прилеп. Заедно со нив, на летен распуст заминуваат и околу 3.000 прилепски средношколци. Матурантите веќе ја завршија наставата на 15 мај, а утре (11 јуни) ги очекува полагање на задолжителниот екстерен испит од државната матура....

„Авто Контрол“ Прилеп – докажан бренд и ваш сигурен партнер во сообраќајот

Интервју со м-р Даниела Перканоска, генерален менаџер на „Авто Контрол“ од Прилеп, компанија која повеќе од една деценија успешно работи кога станува збор за возила и безбедност во сообраќајот. Располагаат со станица за технички преглед и техничка служба, најсовремен сервис на возила кој им овозможува на клиентите да добијат целосна...

(ФОТО)Витаминка одбележа 70 години како еден од симболите на македонската индустрија

Витаминка АД Прилеп одбележа 70 години од своето постоење, јубилеј што ја потврдува нејзината позиција како една од најуспешните и најпрепознатливи македонски компании и лидер во прехранбената индустрија. По повод годишнината, компанијата организираше посебна прослава за вработените и нивните семејства, со што уште еднаш ја потврди својата посветеност кон луѓето...