Втора консултативна средба со граѓаните за креирање на Буџетот на Општина Прилеп за 2026

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На втората  средба со градоначлникот на Општина Прилеп и Претседателот на Советот,  во рамките на процесот за креирање на Буџетот на Општина Прилеп за 2026 година, беа пристуни  преставници од реалниот сектор : стопанственици, невладиниот сектор, преставници од  централни јавни институции кои делуваат локално, како и преставници од  Економскиот факултет – Прилеп, како високо образовна институција која соработува со општината  и преставници од занатечиската комора. На средбата учесниците ги изнесоа своите предлози, идеи и приоритети и се дискутираше за подобар развој на Прилеп, во насока на поквалитетни предлози и трошење на општинскиот Буџет за 2026 година.

Овие средби се дел од крирање на конструктивна  дискусија со граѓаните, преку отворен дијалог и транспарентен процес, за  крирање вистинските насоки за развој на Општина Прилеп, според потребите на заедницата.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Со „Девојките на Марко“ сцената оживеа со харизма, хумор и маестрална игра

Преку комедијата „Девојките на Марко“, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ и одличната актерската екипа: Наташа Ачански, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Лора Штарго, Димитар Ѓоргиевски и Илија Волчески, само потврдија и докажаа дека во Прилеп не е загубен духот на мајтапот, здравиот хумор, шегата и смеата. Публиката ракоплескаше со жар...

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...