Во Прилеп наврнаа 11  l/m 2 , а снегот веќе се појави на повисоките места

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА во Прилеп изнесуваше  7 степени.Во  изминатите 24 часа до 07 часот во Прилеп наврнаа 11  (l/m 2 ), најмногу на Попова Шапка 38 (l/m 2 ),

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Oблачно со повремени врнежи од дожд. На планините врнежите  преминуваат во снег, а на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура достигна 12 степени.

Утре ќе се задржи облачно време со повремени врнежи од дожд На планините врнежите ќе бидат од снег, а во некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Во сабота на планините и на повисоките места ќе провејува слаб снег. Од недела времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Со „Девојките на Марко“ сцената оживеа со харизма, хумор и маестрална игра

Преку комедијата „Девојките на Марко“, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ и одличната актерската екипа: Наташа Ачански, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Лора Штарго, Димитар Ѓоргиевски и Илија Волчески, само потврдија и докажаа дека во Прилеп не е загубен духот на мајтапот, здравиот хумор, шегата и смеата. Публиката ракоплескаше со жар...

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...