Во Цепенков по повод Светскиот ден на детето ќе се прикажува претставата „Три“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

По повод Светскиот ден на детето на 20 ноември 2025, четврток, од 11.00 и од 12.00 часот, во ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде прикажана претстава „ТРИ“ – прва професионална претстава на знаковен јазик за деца.

Претставата четири години е активна на македонската сцена со цел децата кои припаѓаат на глувонемата заедница да им  понудиме да уживаат  во театарската уметност на нивниот мајчин јазик, односно македонски знаковен јазик, но исто така и за останатите деца кои имаат прилика преку актерската интеракција да ја научат знаковната македонска азбука.

Во претставата, актерите паралелно говорат и интерперетираат на македонски знаковен јазик. Претставата има дидактички карактер, во кој децата во интеракција со актерите ја учат знаковната македонка азбука. 

Главната тема е современата еколошка катастрофа што ѝ се заканува на нашата планета. Трите самовили — Розе, Лила и Синка, кои ја надминуваат јазичната бариера меѓу јазикот на тишината и говорниот јазик на Ѕвонко Бонбонко, стануваат пријатели и заедно се обидуваат да го исчистат расфрланиот отпад што се наоѓа насекаде.

Нивната мисија е да го сортираат отпадот и да го одложат во соодветни канти за рециклирање, со цел за живеење во здрава средина — со чист воздух, чиста вода за пиење и чиста почва за одгледување здрава храна.

За претставата е „ТРИ“ автор и режија е Јован Ристовски, костимограф: Марта Дојчиновска, маскер: Стефанија Илиевска. Играат: ЛИЛА – Сандра Грибовска; РОЗЕ – Маја Андоновска Илијевски;           СИНКА – Анастазиа Христова и SВОНКО – БОНБОНКО – Никола Пројчевски.

Тутор по знаковен јазик е Сузана Станоевска

Продукција: ATO Центар Битола, а гостувањето е поддржано од GIZ North Macedonia во соработка со Амбасадата на Франција во Скопје.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

🎄Прилепската празнична приказна започнува на 24 декември✨

Еднонеделна богата програма за последните 8 денови од 2025 та е планирана да се реализира во центарот на Прилеп на плоштадот Методија Андонов Ченто. Градот го очекува новогодишен базар исполнет со разновидна секојдневна културно музичка програма, и изненадувања во центарот на градот, најави градоначалникот Дејан Проданоски: Прилепската празнична приказна оваа...

Две сообраќајки во еден ден на прилепските улици, жена и малолетник се тешко повредени

Две сообраќајки во еден ден на прилепските улици кои завршија со тешки телесни повреди. Еден од повредените е малолетник кој управувал со мопед: „На 15.12.2025 во 13:30 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на крстосницата од ул.„Прилепски Бранители“ со ул.„Тризла“ во Прилеп, патничко возило „југо“ со прилепски регистарски ознаки,...

❗(ВИДЕО)Половина од реколтата откупена – за новата се бараат законски измени ❗

Актуелната реколта ориентален ароматичен тутун половината од е веќе откупена. Заклучно со 15 ти декември – последниот законски рок за старт на откупот, од кооперантите преземени се 11 370 000 кгр тутун, што според претставниците на тутунопроизводителите – Сојузот на тутунски здруженија е блиску до половина од предвидените 24 000...