(ВИДЕО) Љубење со стихови – поезија , дружење , моменти за незаборав

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Поетско љубовниот перформанс кој вечерва повторно го покажа својот раскош пред прилепчани , „Љубење со стихови” повторно ја имаше својата магична вечер.Една несекојдневна,посебна поетска галаксија  која едноставно те тера да не ги штедиш дланките а претходно да уживаш во стиховите кои на свој препознатолив начин пред присутните ги презентираа , Филип Димкоска и Лина Димоска , од оваа година, секако, носители на здружението ЗОКУМ.Сите стихова , цела таа емоција го преплави секој љубител на читаниот збор но и на оние кои не можеа да одолеат на “голтката црвено вино” која кажува се , на „слатката закуска” која само ја надополнуваше позитивната енергија кај секого.Се започна со „умилкувањето” , преку  „крилата на љубовта” и „тајната на постоењето” продолжи со „љубовното востание” и „заљубувањето по трет пат , за да ова вечерашно љубење со стихови кулминира со „таа фамозна Барбара”.Дефинитивно оваа манифестација треба да се доживее , зашто сигурно на крајот душата е исполнета.Во  продолжение , екслузивно за Радио Пела , погледнете еден сегмент од оваа прекрасна атмосфера.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Со „Девојките на Марко“ сцената оживеа со харизма, хумор и маестрална игра

Преку комедијата „Девојките на Марко“, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ и одличната актерската екипа: Наташа Ачански, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Лора Штарго, Димитар Ѓоргиевски и Илија Волчески, само потврдија и докажаа дека во Прилеп не е загубен духот на мајтапот, здравиот хумор, шегата и смеата. Публиката ракоплескаше со жар...

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...