Утревечер во Прилеп ќе биде отворена изложбата „Мотиви од Хераклеја“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Утревечер во ликовната галерија на  ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Мотиви од Хераклеја“ од битолскиот уметник Панде Петровски.  Со изложбата Центарот ја започнува реализацијата на годишната, обемна програма од областа на визуелните уметности, поддржана од Министерството за култура и туризам.

Овие слики на Панде Петровски полни се со интимност, спокој, благост, со чуден спој на светлината и одсјај од минатото, слики кои побудуваат носталгични чувства на вечното панта реи. Слики со автентичен порив исполнети со лирска имагинација и сензибилитет, слики кои ќе останат како препознатлив дел од творештвото на овој битолски ликовен креативец и неговиот комплетен ликовен израз-запишал поетот и новинар Панде Манојлов за делата на Петровски.

Панде Петровски е роден во 1939 година во Брусник, Битола. Завршил Педагошка акдемија во 1963 година со студиски престој во Италија.

Член е на ДЛУБ ( Друштво на ликовните уметници на Битола ), ДЛУМ ( Друштво на ликовните уметници на Македонија) и МНД ( Македонско научно друштво).

Соработувал со повеќе весници и списанија, а застапен е и во Антологиите на македонскиот и балканскиот афоризам.  Со создадените неколку илјади ликовни дела, започнувајќи од 1959 година кога ја отвора првата самостојна изложба во Клубот на резервните офицери ( Широк сокак – 137 ), досега има отворено над 40 индивидуални изложби во Македонија ( Битола, Кавадарци, Охрид, Скопје ), а исто така и во Србија, Шведска и Австралија.

Автор е на книгите:  „Бели мисли и размисли”( афоризми-2000 година), “Оаза на плачот” ( хуморески-2002 година), „Думи” ( афоризми и хуморески-2006 година) како и на монографскиот каталог „Срце куќа најширока” – 100 цртежи со мотиви од старата архитектура на нашите села. Автор е и на над стотина решенија на насловни страни и илустрации на книги за деца и возрасни, а изработувал и повеќе плакати, амблеми, меморандуми и сценографии. Во 2006 година ТВ “Орбис” го сними документарниот 36 минутен филм “Творечки предизвици”. Во 2009,2014 И 2017 година ја добива плакетата за најуспешен битолчанец од „Битолски весник”. Во 2010 година е застапен во монографијата “Значајни личности на Битола” – култура, а истата година ја добива и плакетата по повод  50 години МНД.

Од големиот број други награди и признанија позначајни му се: 4 Ноември на Општина Битола  1987 година, Специјална награда на 37. Светска галерија на “Остен” 2009 година и наградата “медијала” за творечки опус на Ликовно  книжевната колонија во вилата “Дајмонд” – Битола 2013 година, како и неколкуте награди на Струмичкиот фестивал за афоризам и карикатура.

Во 2014 е промовирана книгата „Од активата на Панде Петровски” од авторот Радован П. Цветковски. Во 2016 година му е промовирана МАПА-портфолио – метаморфози од едицијата светско културно наследство, од галеријата уметност на хартија Остен – Скопје, како и сертификат за истакнат карикатурист.

Во 2019 година ја отвора ретроспективната изложба 60 години творештво, кога од Друштвото на ликовните уметници од Битола ја добива наградата за животно Дело.

Во 2021 година добива награда за животно дело на манифестацијата “Избираме најуспешни битолчани” во организација на Битолски Весник, а во 2023 год и наградата за трајни вредности

Неговите дела се наоѓаат во Галеријата на современа уметност во НУ Завод и музеј – Битола,Галерија на современа битолска уметност во КИЦ Офицерски дом – Битола, Галеријата Остен – Скопје, роднокрајниот музеј на Хомоље во Жагубица – Србија, како и низ повеќе приватни и државни збирки во Европа, Австралија и Америка.

Во 2023 година во двата салони империјал I и II во КИЦ – Културно информативен центар – Скопје ја отвора самостојната изложба „Срце куќа најширока“ со над стотина цртежи од исто толку мотиви од старата архитектура на нашите села.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Агроном Ристеска: совети за земјоделците – навремена превенција против штетници и суша

Пролетта донесе многу дождови и големи температурни разлики, што предизвикува проблеми кај тутунот, пиперката и другите градинарски култури. Се очекува сушен период кој може да ја стегне почвата и да го спречи развојот на коренот, што доведува до жолтеење на листовите и намален раст. Високата влажност и наглите температурни промени...

Мицкоски: Да, денеска и утре ќе бидат исплатени субвенциите за тутун

Во текот на денешниот и утрешниот ден ќе бидат исплатени субвенциите од две милијарди денари за тутунарите иако рокот за исплата е до 30 јуни, соопшти премиерот Христијан Мицкоски кој денеска,15 јуни, е во посета на Битола каде во индустриската зона Жабени се отвара нова фабрика. Во одговор на новинарско...

🏃‍➡️Хуманитарна „Трка со срце“ во Прилеп – спортот е многу повеќе од натпревар🏃‍♀️‍➡️

Во  организација на Ротаракт Клуб Прилеп денеска се одржаа две хуманитарни трки во Прилеп „Трка со срце“ низ прилепските улици. На двете патеки од 5 км и од  10 км учествуваа над 300 учесници. Поттикнување на хуманост, заедништво и инклузија е поводот за настанот кој се организира за прв пат....