Богатството од Прилеп и Мариово-МАКЕДОНСКИОТ РУБИН-станува национално минерално наследство

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Рубинот од Македонија  кој што е геолошки и естетски уникат: познат е како корунд со карактеристична малиново-розева боја и се наоѓа исклучиво во околината на Прилеп и во планините на Мариово и официјално ќе биде национално заштитен  од државата како уникатен полускапоцени камен. Ова денеска го соопшти Министерката за енергетика Сања Божиновска дека пристигнало решението со кое македонскиот рубин се прогласува за национално минерално наследство и со тоа се заштитува македонскиот рубин како наш, уникатен полускапоцен камен.

Македонскиот рубин единствен природен рубин во копнената Европа што се обработува локално што се јавува поради присуството на хром во неговата кристална структура.  Покрај својата естетска и колекционерска вредност, македонскиот рубин претставува дел од културното и историското наследство на земјата – симбол на природната убавина и националната гордост. Институционалниот процес за заштита на македонскиот рубин – геолошкиот уникат на македонскиот рубин почнаа во септември 2025 година.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

🍻ПИВО ФЕСТИВАЛ ПРИЛЕП: ТРИ ФЕСТИВАЛСКИ ВЕЧЕРИ БАЛКАНСКИ И МАКЕДОНСКИ ЅВЕЗДИ (ВИДЕО)

Пoзната е целосната програма за Пиво Фестивалот Прилеп 2026. Балкански и македонски музички ѕвезди ќе настапуваат на трите фестивалски вечери, а предвидени се и диџеј забави пред почетокот на настапите на главната сцена и по завршувањето на камената бина на плоштадот Александрија. Од 17 до 19 јули главна ѕвезда за...

Во СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу“ Прилеп интересот на полуматурантите насочен кон економската струка

Како и изминатите две години покрај електронското пријавување, учениците и денеска физички ги доставуваа оригиналните хартиени документи во училиштата во кои аплицираат. Дека стручното образование е во фокусот на полуматурантите покажува интересот за упис и во  средното економско-правно училиште СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу“ Прилеп. Првиот уписен рок – електронското пријавување...

Уште една донација за Прилепската болница – „џебен“ ултразвучен апарат од Сојузот на тутунарите

Прилепската болница на иницијатива на пензионираниот доктор Златко Савоски доби донација – ултразвучен апарат од Сојузот на тутунарите кој ќе се користи на интерното одделение, првенствено во Центарот за дијабет, како и во другите одделенија кај хоспитализирани пациенти без да бидат транспортирани за дијагностика со ултразвук. Ова е прв ваков...