🍻ПИВО ФЕСТИВАЛ ПРИЛЕП: ТРИ ФЕСТИВАЛСКИ ВЕЧЕРИ БАЛКАНСКИ И МАКЕДОНСКИ ЅВЕЗДИ (ВИДЕО)

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Пoзната е целосната програма за Пиво Фестивалот Прилеп 2026. Балкански и македонски музички ѕвезди ќе настапуваат на трите фестивалски вечери, а предвидени се и диџеј забави пред почетокот на настапите на главната сцена и по завршувањето на камената бина на плоштадот Александрија. Од 17 до 19 јули главна ѕвезда за петок (17.07) е Џенан Лончаревиќ,  сабота (18.07) – Милица Павловиќ, а недела (19.07) е резервирана за Јелена Розга.

Покрај балканските ѕвезди, во програмата се и домашните изведувачи како Огнен Здравковски, Јордан Митев, Марјан Коцев …

Организацијата на фестивалот е доверена на Вајб Ивент (Vibe Event), општина Прилеп за поддршка на Пиво Фестивалот годинава од буџетот издвои 2 милиони денари. Ќе учествуваат 5 пиварници и угостители од Прилеп и од другите градови.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Долгометражен филм „Девојките на Марко“ првенче на драмската секција при СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп

По мотиви на книгата „Девојките на Марко“ од авторката Оливера Николова е новиот проект на драмската секција „Слободно театарче“ при СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп креираше долгометражен филм. „Девојките на Марко“ е реализаран под менторство на проф. Билјана Тинтоска и режија на Филип Стојаноски. Улогите ги толкуваат: Тоше Тодороски, Филип Сотиров,...

Богатството од Прилеп и Мариово-МАКЕДОНСКИОТ РУБИН-станува национално минерално наследство

Рубинот од Македонија  кој што е геолошки и естетски уникат: познат е како корунд со карактеристична малиново-розева боја и се наоѓа исклучиво во околината на Прилеп и во планините на Мариово и официјално ќе биде национално заштитен  од државата како уникатен полускапоцени камен. Ова денеска го соопшти Министерката за енергетика...

Во СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу“ Прилеп интересот на полуматурантите насочен кон економската струка

Како и изминатите две години покрај електронското пријавување, учениците и денеска физички ги доставуваа оригиналните хартиени документи во училиштата во кои аплицираат. Дека стручното образование е во фокусот на полуматурантите покажува интересот за упис и во  средното економско-правно училиште СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу“ Прилеп. Првиот уписен рок – електронското пријавување...