Ристески од Прилеп: Од денеска 2500 производи имаат намалени цени – стапува на сила законот за нефер трговски практики

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Од денеска стапува на сила законот за нефер трговски практики во синџирот за снабдување со земјоделски и прехранбени производи, кој дополнително треба да ги намали цените на производите и според најавите да стави ред во трговијата.

Со него се опфатени 2.500 производи, меѓу кои се речиси сите видови на млечни, месни и сувомеснати производи, јајца, бројни видови на риби и тестенини, како и овошје и зеленчукот, на кои профитната маржа им е ограничена до 10 %, па се очекува иститите толку и да бидат намалени.  Се ограничува и рабатот, а покрај тоа трговците нема да смеат да наплаќаат дополнителни трошоци за маркетинг, репрезентација, како и истакнување на одреден производ на полица, вели заменик министерот за економија Марјан Ристески кои денеска, неформално, се прошета низ прилепската чаршија да се увери во спроведување на законската рекулатива наречена „Закон за нефер трговски практики“.

Ставовите се усогласени со стопанските комори. Спроведувањето на законот ќе го контролира Комисијата за заштита од конкуренција.

Од понеделник ќе видиме како се усогласува Законот за нефер трговски практики, а првичните информации ќе ги имаме од Комисијата за заштита од конкуренција. Од она што како Министерство го имаме како информација е дека договорите меѓу производителите и добавувачите со трговците се променети за да се усогласат со Законот и процесот е во тек, до понеделник. Законската обврска беше до денеска, 28 септември сите договори да бидат променети, освен оние кои имаат рокови и ќе траат додека е нивната важност. Потоа ќе се променат според новите правила и регулативи во Законот за нефер трговски практики, објаснува заменик министерот за економија Марјан Ристески.

Според Ристески, видливи се ефектите и од мерките за есенската потрошувачка кошничка. Има намалувања од 6 до 12 проценти, а на терен е пазарната инспекција.

Од она што го кажуваат пазарните инспектори и граѓаните, имаме намалување на цените на 73 производи по категории. Инаку бројката опфаќа 500 до 600 производи, опфатени со оваа есенска кошничка. Веќе намалувањата изнеснуваат од 5 до 12 проценти, во зависност од производите и во зависност од големината на маржата што ја имале претходно, изјави денеска заменик минсиерот за економија, Марјан Ристески.

Контролата за промена на овој Закон ја врши Комисијата за заштита од конкуренција која во наредните три месеци, односно до крајот на годината , доколку утврди дека при склучување на новите договори не се испочитувани одредбите на Законот, ќе опомениува, односно нема да се преоѓа веднаш на казнување.

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Од 0 до Култура“ вечерва со Crossroad Blues Band Reloaded

Годинешното издание на проектот „Од 0 до Култура” започнува денеска на 18.06.2026 од 21:00ч. со концерт на групата Crossroad Blues Band Reloaded, која ќе ве поведе на едно посебно музичко патување на Камената бина во Прилеп. Концертот „Жените во блузот“ е посветен на најголемите женски имиња кои оставиле неизбришлива трага...

(ВИДЕО)Долгометражен филм „Девојките на Марко“ првенче на драмската секција при СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп

По мотиви на книгата „Девојките на Марко“ од авторката Оливера Николова е новиот проект на драмската секција „Слободно театарче“ при СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп креираше долгометражен филм. „Девојките на Марко“ е реализаран под менторство на проф. Билјана Тинтоска и режија на Филип Стојаноски. Улогите ги толкуваат: Тоше Тодороски, Филип Сотиров,...

🍻ПИВО ФЕСТИВАЛ ПРИЛЕП: ТРИ ФЕСТИВАЛСКИ ВЕЧЕРИ БАЛКАНСКИ И МАКЕДОНСКИ ЅВЕЗДИ (ВИДЕО)

Пoзната е целосната програма за Пиво Фестивалот Прилеп 2026. Балкански и македонски музички ѕвезди ќе настапуваат на трите фестивалски вечери, а предвидени се и диџеј забави пред почетокот на настапите на главната сцена и по завршувањето на камената бина на плоштадот Александрија. Од 17 до 19 јули главна ѕвезда за...