Годинешното издание на проектот „Од 0 до Култура” започнува денеска на 18.06.2026 од 21:00ч. со концерт на групата Crossroad Blues Band Reloaded, која ќе ве поведе на едно посебно музичко патување на Камената бина во Прилеп.
Концертот „Жените во блузот“ е посветен на најголемите женски имиња кои оставиле неизбришлива трага во историјата на блуз музиката. Вокалистките од бендот ќе изведат безвременски светски блуз класици од легендарни уметници, носејќи ја на сцената силата, емоцијата и страста што го дефинираат овој музички жанр.
Тоа ќе биде вечер исполнета со врвна музика, искрени емоции и незаборавна блуз атмосфера, уживање во музиката и културата под отворено небо!









