Први декември Светски ден против ХИВ/СИДА – Годинава 38 новорегистрирани лица со ХИВ/СИДА

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Годинава има 38 новорегистрирани лица со ХИВ/СИДА во земјава, се вели во извештајот на Институтот за јавно здравје,  објавен по повод 1 декември, Светскиот ден против СИДА.

Бројот на новорегистрирани случаи годинава е помал за 25,5 отсто споредено со истиот период од минатата година, кога се регистрирани 51 случај. Од случаите во 2025 година, најголем дел или 15 се со место на живеење во Скопје. Еден случај е странски државјанин.

Годинава се регистрирани осум смртни случаи поврзани со СИДА.

Според извештајот на ИЈЗ, од регистрираните случаи, 37 се од машки пол, а еден е од женски. Просечна возраст на новите случаи е 35 години, а 73,7 отсто од случаите се на возраст од 20 до 39 години.

Инаку, од 1987 кога за прв пат се појави болеста во Македонија,  до 2025 година во земјава се регистрирани 726 случаи на ХИВ/СИДА, а вкупно 138 од дијагностицираните починале поради причини поврзани со СИДА.

Со воведувањето на антиретровирусна терапија, преживувањето на лицата што живеат со ХИВ е значително подобрено, во последните 10 години од 447 регистрирани случаи, регистрирани се 33 смртни случаи што претставува стапка на смртност од 7,4 отсто. Најголем број од случаите се со место на живеење во Скопје“, се вели во извештајот на ИЈЗ.

Светската здравствена организација (СЗО) на 1 декември се приклучува кон партнерите и заедниците во одбележувањето на Светскиот ден за борба против СИДА 2025, под мотото „Надминување на нарушувањата, трансформирање на одговорот кон СИДА“, повикувајќи на континуирано политичко водство, меѓународна соработка и пристапи засновани на човекови права за ставање крај на СИДА до 2030 година.

Еден од клучните предизвици во борбата против ХИВ/СИДА е доцната дијагноза, што е проблем и во Европа, каде 54% од новите дијагнози во 2024 година биле поставени предоцна. Во Македонија постојат програми за превенција, вклучувајќи доброволно советување и тестирање, но има извештаи за намалување на средствата за превентивни активности во последните години. Министерството за здравство има и Национален акционен план за здравствена безбедност 2024-2030 и Стратегија за здравство 2021-2030, кои вклучуваат здравствена програма за лица со ХИВ инфекција.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

БК АС е повторно во врвот на македонската младинска боксерска лига (ФОТО)

Изминатиов викенд во главниот град се одржа 6то и последно коло од првата и младинска лига во бокс на Македонија во спортската сала “Македонски Херои” .И оваа сезона прилепскиот боксерски клуб успешно ја затвори , а неговите членови само потврдија дека со право се во врвот на македонскиот бокс  во...

Предлог 13 Величествени, Ротари клуб Прилеп – инспиративна приказна за солидарност, култура и општествена одговорност

Предлог на Радио Пела за избор за 13 Величествени e Ротари клуб Прилеп – инспиративна приказна за солидарност, култура и општествена одговорност. Ротари клуб – Прилеп во последните месеци стана центар на медиумско внимание благодарение на своите хуманитарни активности и силната посветеност кон заедницата. Со донации, културни настани и поддршка...

Предлог за 13 Величествени, ФК Големо Коњари – инспиративна приказна за спорт

редлот на Радио Пела за 13 Величествени е фудбалската екипа ФК Големо Коњари – инспиративна приказна за спорт во Прилеп ФК Големо Коњари стана вистинска медиумска сензација благодарение на својата активност во заедницата и напорите за развој на спортот во регионот. Клубот не само што се врати во Втората лига,...