Пронајдена дрога во Кочани, лишени од слобода три лица, за едно одреден притвор

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

 

На 05.02.2026 во 15:10 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишија од слобода Е.Џ.(35), М.Џ.(27) и Е.Д.(50), сите од Штип.

Според пријавеното, во 15:05 часот на ул.„Стамен Манов” во Кочани, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Е.Д. , а при извршен преглед кај М.Џ. била пронајдена и одземена марихуана. Судија од Основниот суд Кочани одреди мерка притвор од 30 дена за М.Џ. и тој е спроведен во Казнено поправна установа Затвор Куманово.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

БОБО ДООЕЛ – Вработуваме дистрибутери…

БОБО ДООЕЛ Кочани, Регионален застапник за Источна Македонија за програмата на Бучен Козјак и Здравје Радово има потреба од  дистрибутери со Б возачка категорија . За подетални информации на телефон: 078213917

Кривична пријава за жител на виничко – нападнал полицаец при извршување службени дејствија

Кривично ќе се гони маж од виничко за напад кон полицаец на должност.   – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против М.К.(44) од с.Блатец, виничко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службени дејствие“. На 10.04.2026 во село Блатец, пријавениот не постапил по наредби