Познати се стадионите на кои ќе се одиграат бараж натпреварите за пополнување на местата во Втората македонска фудбалска лига за сезоната 2026/2027.
На 30 мај ќе се одиграат три средби со почеток од 16:30 часот. Во Кратово силите ќе ги одмерат Каменица Саса и Еуромилк ГЛ, на Градскиот стадион во Кочани ќе се сретнат Кожув Гевгелија и Борец Велес, додека во Штип ќе играат Победа Валандово и Камјани.
Последниот бараж натпревар е закажан за 31 мај на стадионот во Ѓорче Петров, каде ќе се соочат Тетекс Тетово и Влазними Струга.
Сите натпревари ќе започнат во 16:30 часот.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









