Со Штафетата на младоста и масовниот слет на стадионот ЈНА во Белград, 25 мај беше еден од најзначајните празници во поранешна СФРЈ.
Празникот се одбележувал од 1945 до 1988 година и бил поврзан со роденденот на Јосип Броз Тито, иако според историските податоци Тито е роден на 7 мај 1892 година.
Во првите години 25 мај се славел како роденден на Тито, а од 1957 година, по негова иницијатива, официјално станал Ден на младоста.
Главен симбол на празникот била Штафетата на младоста. Илјадници млади од сите републики и градови во Југославија повеќе од еден месец ја носеле штафетата низ земјата, по што на 25 мај таа свечено му била предавана на Тито на централната прослава во Белград.
На стадионот ЈНА се организирал голем слет со учество на пионери, младинци, спортисти и припадници на армијата и морнарицата, кои изведувале масовни кореографии во чест на југословенскиот лидер.
По смртта на Тито во 1980 година, традицијата продолжила уште неколку години.
Последниот слет бил одржан во 1987 година, додека во 1988 година Штафетата на младоста и официјално била укината.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









