Продолжен притворот на шестте лица за злоупотреби во прилепската болница

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Прилепскиот Основен суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство и им го продолжи притворот до 30 дена на шестте лица во случајот со злоупотребите во прилепската болница, потврдува претседателката на основниот суд во Прилеп, Јасмина Шишковска.

-Притворот е продолжен на 6-те лица.Тоа го одлучи кривичниот совет при Судот, но постои можност за жалба. Поднесени се жалби до Апелацискиот суд во Битола за продолжувањето на притворот, вели Шишковска.

Според информациите од Јавното обвинителство на Македонија, прилепското основно обвинителство ја продолжува истрагата против 32 физички и правни лица за сомнежи со јавни набавки во болницата со која институцијата е оштетена за околу 700 000 евра.

Обвинителството донесе наредба за спроведување истрага против вкупно 32 лица – 16 физички, 7 правни, а девет други осомничени се гонат по скратена постапка.

Тие се осомничени за кривичните дела – Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство како и проневера во службата. Со пријавата се опфатени и дејствија на несовесно работење, злоупотреба на службената положба и овластување, фалсификување или уништување деловни книги и други кривични дела за дел од осомничените, кои обвинителството исто така ги испитува, соопштува прилепското обвинителство.

Осомничените, меѓу кои поранешната директорка, раководители и други вработени во болницата, но и управители на осомничени правни лица, преку постапки за јавни набавки за сервис на моторни возила, чистење на работните простории, сервис на водоводна мрежа, молерофарбарски услуги, физичко обезбедување, реконструкција на инфективното одделение, односно преку неизвршување на договорните обврски и незаконски промени на налози за исплата, предизвикале вкупна штета на буџетот на прилепската болница  од речиси 43 милиони денари, или околу 700 000 евра.

Прилепското основно обвинителство ја покрена истражната постапка по поднесената кривична пријава од Управата за финансиска полиција.

На 24 октомври им беше потврден првиот притвор до 30 дена на 6-те осомничени лица за злоупотреби во прилепската болница.

Извор:МИА

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Две сообраќајки во еден ден на прилепските улици, жена и малолетник се тешко повредени

Две сообраќајки во еден ден на прилепските улици кои завршија со тешки телесни повреди. Еден од повредените е малолетник кој управувал со мопед: „На 15.12.2025 во 13:30 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на крстосницата од ул.„Прилепски Бранители“ со ул.„Тризла“ во Прилеп, патничко возило „југо“ со прилепски регистарски ознаки,...

❗(ВИДЕО)Половина од реколтата откупена – за новата се бараат законски измени ❗

Актуелната реколта ориентален ароматичен тутун половината од е веќе откупена. Заклучно со 15 ти декември – последниот законски рок за старт на откупот, од кооперантите преземени се 11 370 000 кгр тутун, што според претставниците на тутунопроизводителите – Сојузот на тутунски здруженија е блиску до половина од предвидените 24 000...

Започнувам со изборот на „13 ВЕЛИЧЕСТВЕНИ„ на Радио Пела- Кој според Вас е заслужен?!

Драга публико започнувам со изборот на најдобриот „13сет ВЕЛИЧЕСТВЕН“ за 2025 година. Го бирате Вие со Вашите гласови. Кој е Вашиот Предлог? Кој според вас е медиумска личност на годината?! За Вашиот фаворито ГЛАСАЈТЕ на следниот ЛИНК: Покрај тоа што  имаат можност да гласаат и да го изберат својот фаворит...