Приведен прилепчанец за нарушување на јавниот ред и мир на Градскиот стадион

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Натпреварот од Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) меѓу ФК Победа и ФК Шкендија Арачиново, кој што се одигра вчера 01.11.2025 заврши со победа на гостите од 0-1. Веднаш по завршувањето на мечот, се случил инцидент кога едно лице се обидело насилно да влезе во соблекувалната на гостинскиот тим. Полицијата го приведе:

На 01.11.2025  во 15:30 часот на градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Ф.З.(33) од Прилеп затоа што го нарушил јавниот ред и мир со оштетување и уништување инвентар и други делови од спортскиот објект. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.  

Во врска со инцидентот Фудбалскиот клуб Победа излезе со соопштение. Го пренесуваме во целост:

Фудбалскиот клуб Победа од Прилеп уште еднаш покажа високо ниво на организација при одигрувањето на натпреварот против екипата на Шкендија Арачиново, кој се одигра во фер и спортска атмосфера сè до последниот свиреж на судијата. Иако мечот помина без поголеми проблеми на теренот, по неговото завршување настана инцидент предизвикан од провокација на дел од гостинската екипа. Според присутните сведоци, кон домашната публика беа фрлени шишиња од страна на играчи и членови на гостинскиот тим, што предизвика реакција од дел од прилепската публика. Навивачите на Победа, испровоцирани од ваквиот потег, спонтано реагираа, но ситуацијата брзо беше ставена под контрола благодарение на брзата интервенција на обезбедувањето и присутните редари, како и полицијата. Од клубот ФК Победа истакнуваат дека натпреварот бил организиран според сите пропишани стандарди и мерки за безбедност, и дека инцидентот настанал исклучиво како резултат на несоодветното однесување на гостинската екипа по завршувањето на мечот. И покрај непријатниот епилог, прилепскиот клуб останува посветен на спортскиот дух, фер-плејот и почитта кон сите противници, со надеж вакви појави да не се повторуваат на фудбалските терени.

  

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Со „Девојките на Марко“ сцената оживеа со харизма, хумор и маестрална игра

Преку комедијата „Девојките на Марко“, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ и одличната актерската екипа: Наташа Ачански, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Лора Штарго, Димитар Ѓоргиевски и Илија Волчески, само потврдија и докажаа дека во Прилеп не е загубен духот на мајтапот, здравиот хумор, шегата и смеата. Публиката ракоплескаше со жар...

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...