Прилепчаните Димески и Беџоски четирикратно наградени за филм

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На педесет и четвртиот Државен фестивал на непрофесионален филм, во организација на Кино сојузот на Македонија и Народна техника кој неодамна се одржа во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница, нашите прилепчани Никола Димески и Марјан Беџоски освоија дури 4 награди за нивните филмови.
Со златни плакети наградени се филмовите „Не осудувај одма“, „Прочка“, „Прилепски патрдии“ и „Брзина, адреналин, доживување“.
Благодарение на овие признанија, Димески и Беџоски ќе ја претставуваат Македонија на интернационалниот фестивал за непрофесионален филм Уника, кој ќе се одржи во Швајцарија во 2026 година.  
Инаку, на оваа традиционална манифестација со речиси пет и пол децениско постоење право на учество имаат сите граѓани на Македонија кои се занимаваат со филмска дејност. Годинава учесниците се натрпеваруваа во пет категории и тоа документарен филм, краток игран филм, експериментален филм, анимиран и едноминутен филм.
Жири комисијата за наведените актегории доделува златни, сребрени и бронзени медали за филмови и златни медали за авторски награди.
Редакцијата на Радио Пела на нашите сограѓани им ги честита наградите и им посакувам успешно претставување во Швајцарија, идната година.
Филип Димкоски

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Со „Девојките на Марко“ сцената оживеа со харизма, хумор и маестрална игра

Преку комедијата „Девојките на Марко“, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ и одличната актерската екипа: Наташа Ачански, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Лора Штарго, Димитар Ѓоргиевски и Илија Волчески, само потврдија и докажаа дека во Прилеп не е загубен духот на мајтапот, здравиот хумор, шегата и смеата. Публиката ракоплескаше со жар...

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...