Прилеп во чест на Денот на ослободувањето

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Третоноемвриските чествувања по повод 81 година од ослободувањето на Прилеп започнаа со полагање на цвеќе на спомен обележјата на Методија Андонов Ченто, на Кузман Јосифоски -Питу, на Песјобрдце и на Могилата на непобедените. Делегација од Општина Прилеп, предводена од градоначалникот Дејан Проданоски, Советот на Општина, од АРМ, Сојузот на борци и од политички партии се поклонија и оддадоа почит пред хероите и симболите на Прилеп од Антифашистичката војна и ослободување од бугарскиот окупатор за време на Втората светска војна.

Според програмата за одбележување на Денот на конечното ослободување на Прилеп попладнево ќе биде поставена спомен плоча на Коста Смилески,  а во 18.30 ќе биде отворена изложбата на дела од 17-та колонија Дрен 2025.
Централната свеченост е од 19 часот кога Советот на Општина Прилеп во големата сала на ЦК „Марко Цепенков” ќе ја одржи свечената седница на која ќе бидат доделени Третоноемвриските награди.

Годинава уметникот Рубенс Корубин и легендата на прилепскиот фудбал Јове Магдески, постхумно, се добитници на Наградата за животно дело што ја доделува Прилеп по повод празникот на градот, 3 Ноември – денот на конечното ослободување.

Добитници на наградата плакета по повод 3 Ноември се: компанијата „Микросам“ која одбележува 35 години постоење, Народниот театар „Војдан Чернодрински“ кој има 75-годишен јубилеј, НВО „Hand Till Hand’’ од Шведска за хуманиот и општествен ангажман во здравствената заштита, Интеракт клубот при гимназијата „Мирче Ацев“ со млади ентузијасти за вреднување на солидарноста и хуманоста и здружението на граѓани, извиднички одред „Феникс“ кој одбележува 10 години постоење.

Наградата диплома „3 Ноември“ градот им ја доделува на поединци: Петре Кироваков, поет и активист во Здружението на протераните Македонци од егејскиот дел на Македонија, на д-р Биљана Консулоска Гвероска, автор на научни публикации од областа на земјоделството, агроекологијата и тутунопроизводството, на Владимир Ѓорѓиески, репрезентативецот во билијард и на новинарката Елизабета Митреска за особен придонес во новинарството.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

❗❗УХМР: Вонредно предупредување за обилни врнежи и силен ветер ❗❗

Управата за хидрометеоролошки работи денеска излезе со предупредување за обилни врнежи и ветер деновиве:

Ротари клубот- Прилеп донираше дрон за превентива од пожари на ТППЕ – Прилеп

Дронот, кој ќе прави извиди над шумите и околината на Прилеп, има за цел да делува превентивно во спречување на пожарите на отворено и во спречување на дрвократството. Целта да се олеснат извидите на лице место кога има шумски пожари и дива сеча, но и за пожарите во градот. Дронот,...

Во Цепенков по повод Светскиот ден на детето ќе се прикажува претставата „Три“

По повод Светскиот ден на детето на 20 ноември 2025, четврток, од 11.00 и од 12.00 часот, во ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде прикажана претстава „ТРИ“ – прва професионална претстава на знаковен јазик за деца. Претставата четири години е активна на македонската сцена со цел децата кои припаѓаат на глувонемата...