При контрола во сообраќајот – еден возел пијан, а други фатени со дрога кај Могилата

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Пијаниот возач го сопрела полицијата по рутинска контрола во сообраќајот. Тој возел со 2,79 промили алкохол во крвта. А, пред полноќ кај лица од с.Мало Коњари полицијата во возилото пронашла прашкаста материја.

На 22.11.2025 во 02:50 часот на ул. „Прилепски бранители“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Д.С. од Прилеп.  При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „опел” со прилепски регитарски ознаки, при што било констатирано дека Д.С. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2,79 промили алкохол во крвта. Д.С.бил отстранет од сообраќај и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава за „безобѕирно управување со моторно возило” казниво по чл.297А од КЗ, информираат од СВР Битола

На 21.11.2025, пак, во 22:00 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп  во близина на Паркот на револуцијата во Прилеп ги лишиле од слобода А.П. од Прилеп и Б.Н. од с.Мало Коњари, прилепско. Имено, при  контрола на патничко возило „сеат” со прилепски регистарски ознаки, управувано од  А.П. и совозач Б.Н. била пронајдена прашкаста материја.

По документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат од СВР Битола

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Со „Девојките на Марко“ сцената оживеа со харизма, хумор и маестрална игра

Преку комедијата „Девојките на Марко“, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ и одличната актерската екипа: Наташа Ачански, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Лора Штарго, Димитар Ѓоргиевски и Илија Волчески, само потврдија и докажаа дека во Прилеп не е загубен духот на мајтапот, здравиот хумор, шегата и смеата. Публиката ракоплескаше со жар...

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...