ООУ „Рампо Левката“ го одбележува месецот на книгата

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Четвртооделенците од ООУ „Рампо Левката“ денес го одбележаа месецот на книгата преку средба со поетот и новинар Филип Димкоски која се случи во нивното училиште. Наставничката Бисера Вишиноска која е организатор на средбата, истакна дека ваквите настани им се потребни на децата затоа што на најдобар начин, преку интеракција им се доближува книгата, нејзината важност и значење.

Поетот Димкоски, на учениците на сите четвртооделенци од ова училиште и на нивните наставнички Елизабета Маркоска, Анета Мицеска и Анета Спасеска им го раскажа патот на книгата од ракопис, преку издавачка куќа и печатница, па до објавување и нејзино изложување во книжрниците и библиотеките. Им читаше песни од неговите книги „Заедно да растеме“, „Најхранливи зборови од детска душа дарови“ и „Овошје и зеленчук“, а во некои од изведбите ги вклучи и учениците кои рецитираа и драматизираа.

Беа спомнати и датумите во годината кои се поврзани со книгата, а со помош на децата заеднички учеа и за литературата, но и за медиумската писменост прославувајќи го јубилејот-80 години од објавата напрвиот македонски дневен весник Нова Македонија, кој првпат е испечатен на денешен ден, како и шеесет и шесте години од објавувањето на додатокот за деца „Колибри“, создаден од поетесата Евгенија Шуплинова која потекнува од прилепско Тополчани.

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Од 0 до Култура“ вечерва со Crossroad Blues Band Reloaded

Годинешното издание на проектот „Од 0 до Култура” започнува денеска на 18.06.2026 од 21:00ч. со концерт на групата Crossroad Blues Band Reloaded, која ќе ве поведе на едно посебно музичко патување на Камената бина во Прилеп. Концертот „Жените во блузот“ е посветен на најголемите женски имиња кои оставиле неизбришлива трага...

(ВИДЕО)Долгометражен филм „Девојките на Марко“ првенче на драмската секција при СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп

По мотиви на книгата „Девојките на Марко“ од авторката Оливера Николова е новиот проект на драмската секција „Слободно театарче“ при СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп креираше долгометражен филм. „Девојките на Марко“ е реализаран под менторство на проф. Билјана Тинтоска и режија на Филип Стојаноски. Улогите ги толкуваат: Тоше Тодороски, Филип Сотиров,...

🍻ПИВО ФЕСТИВАЛ ПРИЛЕП: ТРИ ФЕСТИВАЛСКИ ВЕЧЕРИ БАЛКАНСКИ И МАКЕДОНСКИ ЅВЕЗДИ (ВИДЕО)

Пoзната е целосната програма за Пиво Фестивалот Прилеп 2026. Балкански и македонски музички ѕвезди ќе настапуваат на трите фестивалски вечери, а предвидени се и диџеј забави пред почетокот на настапите на главната сцена и по завршувањето на камената бина на плоштадот Александрија. Од 17 до 19 јули главна ѕвезда за...