Октет Прилеп приреди музички празник за прилепчани

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Со песната „Прилепе граде најмил си“,  пред 30 години испеана од доајенот на македонската песна Гога Зафироски, Октет Прилеп пред преполната сала на НУЦК „Марко Цепенков“ го отвори вечерашниот традиционален концерт.

Придружувани од маестралниот оркестар се нижеа македонски народни песни, новосоздадени, но и незаборавни македонски забавни, шлагерски, фестивалски мелодии на радост на многубројната публика која следеше со внимание, пееше во еден глас и штедро аплаудираше.

Од „Болен лежи млад Стојан“, до „ Се посврши сербез Донка“, преку „Серенада“, „Љуби ме и главата горе“, „Како Вардар“ и многу други, за на крај, на бис да ја отпеат „Пусти мерак Ратке“, песна без која не може да се замсили ниту еден концерт на Октетот Прилеп. Во знак на почит, целата публика стана на нозе и аплаудирајќи заедно со Октетот ја отепа „Пусти мерак Ратке“ и покажа дека меракот по вистинската песна се уште не поминат.

Специјални гости на Октетот Прилеп беа Сашо Башески, Викторија Ѓеорѓиеска и Дани Даниела и секој од нив во свој манир придонесе за разновидност и збоогатување на вечерта.

Велат дека некои луѓе стареат како злато, а некои како чевли, но членовите на Октет Прилеп вечерва докажаа дека стареат како виното кое стоеше врз масите со карираните чаршави   на сцената создавајќи мераклиски амбиент. Како и виното, така и тие стануваат се поквалитетни и „попифки“, а публиката очигледно тоа го цени, го препознава и го вреднува. Водител на настанот беше актерот Игор Трпчески.

Октетот Прилеп постои 31 година, работи во рамки на НУЦК „Марко Цепенков“,  досега има остварено бројни концерти и настапи во Прилеп и ширум земјава, а има објавено и неколку носачи на звук.

 

Фото и текст: Филип Димкоски

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

‼️Да гласаме -„Прилепчанчина“ имаат голема шанса за освојување МИЛИОНЧЕ‼️

Четиричлена екипа ученици од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ има голема шанса да освојат награда од 1 милион денари. Тимот на „Прилепчанчина“ составен  од Иринеј Трајкоски, Антонио Христоски, Христијан Трајкоски и Даријан Мицкоски, сите ученици од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ со својата идеја Локал Лендс (Local Lands) се пласираше во првите...

„Не биди трупец, засади дрво“ – акција за пошумување во билизна на с. Лениште

По повод Светскиот ден на лицата со дијабетес – 14 ноември и негово одбележување, во општина Прилеп ќе се реализира третата по ред акција за пошумување под мотото „НЕ БИДИ ТРУПЕЦ, ЗАСАДИ ДРВО“, во организација на „Сина Револуција“. Акцијата ќе се реализира на 16 ноември 2025/ недела/ од 10.00 часот...

Приказна за човекот и мечката – „Кој кому му е закна ?!„

Ноември – месецот кога шумата тивко се подготвува за зима. Но, зад мирната слика, понекогаш се крие опасност. Денoвиве јавно се говри за нешто што сè почесто го слушаме во вестите: напад на мечка врз човек. Се започнало како обично утро – човек излегува да бере печурки во шумата. Но,...