Наградени најдобрите книжевни таленти во Општина Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Синоќа во просториите на градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, се одржа завршниот настан со доделување на наградите во рамки на традиционалните конкурси за најдобра лична творба, најдобра рецитација и најдобар ракопис за учениците од основните и од средните училишта во Општина Прилеп.
Во пријатна атмосфера, дополнета со интрументалните изведби на учениците од основното музичко училиште  „Ордан Михајлоски-Оцка“, пред полна сала, директорката на библиотеката Андриана Ристеска, заедно со своите колеги од библиотеката, претседателите и членовите на комисиите, ги доделија наградите на учениците и менторите, а првонаградените рецитатори и млади литературни творци, ги прочитаа односно изрецитираа првонаградените творби и рецитации. ‘
  Според претседателите на комисиите, годинава најголем број пристигнати пријави за учество имало во категоријата за краснопис од трето до петто одделение и во истата категорија пристигнале над 120 ракописи.
Со овој конкурс кој од година во година го подобрува својот квалитет во однос на организацијата,  критериумите и компетентноста на оценувањето, библиотеката во континуитет работи на доближување на македонскиот збор кон децата и ги поттикнува на литературно творење, пишување и рецитирање.
Во продолжение прочитајте кои се наградените ментори и ученици и кои се членовите на комисиите.  Екипата на Радио Пела присуствуваше на овој настан и срдечно им честита на сите наградени учесници и нивните ментори.

РЕЗУЛТАТИ ОД НАТПРЕВАР ЗА НАЈДОБАР КРАСНОПИС за ученици од III до V одделение: ПРВО МЕСТО: Јана Котеска ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ – Прилеп ментор: Марија Николоска ВТОРО МЕСТО: Дариа Цуцуловска ООУ „Гоце Делчев“- Прилеп ментор: Жаклина Ристеска ВТОРО МЕСТО: Ања Туманоска ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“- Прилеп ментор: Кети Стевананџија ТРЕТО МЕСТО: Сара Иваноска ООУ „Кочо Рацин“- Прилеп ментор: Горан Аврамоски ТРЕТО МЕСТО: Леа Андрееска ООУ „Климент Охридски“- Прилеп ментор: Верче Велеска Комисија: Сузана Николоска, претседател Делфина Тутеска, член Еленче Ташкоска, член

РЕЗУЛТАТИ ОД НАТПРЕВАРОТ ЗА НАЈДОБРА РЕЦИТАЦИЈА за учениците од сите училишта во општина Прилеп: КАТЕГОРИЈА од III до V одделение: ПРВО МЕСТО: Стефан Иваноски V одделение ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп ментор: Наташа Колеска ВТОРО МЕСТО: Андреј Печијарески IV одделение ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп ментор: Цветанчо Волчески ВТОРО МЕСТО: Јована Темелкоска III одделение ООУ „Кире Гаврилоски -Јане“ – Прилеп ментор: Розита Кареска ТРЕТО МЕСТО: Лана Стеванов V одделение ООУ „Климент Охридски“-Прилеп ментор: Наташа Колеска ТРЕТО МЕСТО: Јоаким Трајковски IV одделение ООУ „Рампо Левката“ – Прилеп ментор: Анета Спасеска Комисија: Дарко Ристески – претседател Филип Димкоски – член Силвија Илиоска – член

***

КАТЕГОРИЈА од VI до IX одделение: ПРВО МЕСТО: Исидора Мирческа, VIII одд. ООУ „Кире Гаврилоски -Јане“- Прилеп ментор: Сузана Николоска ВТОРО МЕСТО: Ивана Паскоска, IX одд. ООУ „Климент Охридски“- Прилеп ментор: Јулијана Талеска ВТОРО МЕСТО: Стефани Петреска, IX одд. ООУ „Кочо Рацин“- Прилеп ментор: Габриела Стојаноска Станоеска ТРЕТО МЕСТО: Анастасија Глигороска, VIII одд. ООУ „Добре Јованоски“- Прилеп ментор: Јагода Волческа ТРЕТО МЕСТО: Михаил Здравески, VII одд. ООУ “Гоце Делчев“- Прилеп ментор: Билјана Јагуриноска Комисија: Емона Јованоска, претседател Дарко Ристески, член Светлана Китаноска, член

***

КАТЕГОРИЈА – средни училишта: ПРВО МЕСТО: Евгенија Димитриовска СОУ Гимназија „Мирче Ацев“- Прилеп ментор: Филип Ристески ВТОРО МЕСТО: Софија Оџаклиеска СОУ Гимназија „Мирче Ацев“- Прилеп ментор: Дарко Ристески ТРЕТО МЕСТО: Мила Огненоска СОУ „Орде Чопела“- Прилеп ментор: Елена Томевска ТРЕТО МЕСТО: Марија Јовеска СОУ „Ѓорче Петров“- Прилеп ментор: Лора Т. Николоски Комисија: Сузана Николоска, претседател Филип Димкоски, член Светлана Китаноска, член

РЕЗУЛТАТИ ОД НАТПРЕВАР ЗА НАЈДОБРА ЛИЧНА ТВОРБА (ПЕСНА) на ученици од основните училишта во општина Прилеп: КАТЕГОРИЈА III – V одд.: ПРВО МЕСТО- Косара Настоска – V-4 одд. песна „Ајде да се здружиме ние децата“ ООУ „Климент Охридски“- Прилеп ментор: Верче Велеска ВТОРО МЕСТО-Филип Стојкоски V-а одд. песна „Мојот роден град“ ООУ „Рампо Левката“- Прилеп ментор: Наташа Блашкоска ТРЕТО МЕСТО-Адријан Шашески I I I -3 одд. песна – „Радоста е во споделувањето“ ООУ „Блаже Конески“- Прилеп ментор: Весна Арсиќ ТРЕТО МЕСТО-Трендафил Кржески,V -4 одд. песна „Сонот на малото мече“ ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“-Прилеп ментор: Марија Николоска Комисија: Еленче Ташковска – претседател Андриана Ристеска – член Силвија Илиеска – член *** КАТЕГОРИЈА VI – IX одд.: ПРВО МЕСТО: Ана Марија Шашеска, VII одд. песна „ПОРАКА“ ООУ Блаже Конески“-Прилеп ментор: Катерина Димкоски ВТОРО МЕСТО: Андреј Богоески, VII одд. песна „МАЈКИНО ГНЕЗДО“ ООУ „Круме Волнароски“ – Тополчани ментор: Мирјана Талеска ВТОРО МЕСТО: Максим Иваноски, VI одд, песна: „ТАТКО„ ООУ „Гоце Делчев“-Прилеп ментор: Весна Крстеска ТРЕТО МЕСТО: Марија Талеска, VIII одд. песна: „ПАТУВАМЕ, СОНУВАМЕ“ ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп ментор: Стефани Петреска ТРЕТО МЕСТО: Ана Марија Стојаноска песна: „МОРЕТО И НЕБОТО“ ООУ „Добре Јованоски“ – Прилеп ментор: Моника Трајкоска Комисија: Емона Јованоска, претседател Дарко Ристески, член Андриана Ристеска, член

***

КАТЕГОРИЈА – средни училишта: ПРВО МЕСТО за песната „Ѕвезден пат“ ОД ученичката Марија Илијеска I-4 СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп ментор: Лидија Тошеска ВТОРО МЕСТО за песната: „Спиеме со отворени очи“ од ученичката Јана Василеска II -1, СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп ментор: Лидија Ристеска ТРЕТО МЕСТО за песната: ,,Мастило и челик“ од ученичката Теодора Тунеска III-6, СОУ „Ристе Ристески – Ричко“– Прилеп ментор: Елена Дамјаноска Комисија: Габриела Стојаноска Станоеска, претседател Сузана Николоска , член Силвија Илиеска, член

Известува: Филип Димкоски
Фото: Радио Пела и ЈОУ Библиотека „Борка Талески“-Прилеп

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во сообраќајка тешко повреден возач на мопед во Прилеп

На 14.01.2026 во 10:55 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на крстосница од ул.„Тризла“, ул.„Горан Миноски“ и ул.„11 Октомври“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило патничко возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(38) и мопед управуван од Ш.И.(60), двајцата од Прилеп. Во несреќата...

Прилеп се подготвува за Карневалот „Прочка 2026“

Во пресрет на празникот Проштени поклади – Прочка Прилеп се подготвува за традиционалниот Карневал кој што е еден од традиционалните настани и манифестации за градот. Градоначалникот Дејан Проданоски остварил средба со првите луѓе на Федерацијата на европските карневалски градови со претседателот на Федерацијата на европски карневалски градови (FECC), г-дин Ларс...

Премиера на филмот „Приказната за Силјан“ во Мис Стон во Прилеп

На 23 (петок) и 24 јануари(сабота) 2026г. од 19.00 часот во киното Мис Стон ќе се прикажува филмот „Приказната за Силјан“. Влезници на билетарницата од киното секој работен ден од 10 до 12.00 часот и еден час пред проекцијата на филмот! „Приказната за Силјан“ е визуелно силен и медитативен филм...