Над 1000 планинари на маршот во чест на „Ивона Антова и 63 ангели“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Над 1000 планинари од Македонија и странство учестваа на првиот Меморијален планинарски марш „Ивона Антова и 63 ангели“ во спомен и чест на младата планинарка и 63 млади лица кои трагично ги загубија животите во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани.

Планинарите го искачија врвот Панаѓур (1669 м.н.в) на Осоговските Планини, почнувајки од местото „Аеродром“ на Пониква каде е планирано да се гради меморијален паметник „Ангели“ во во чест на жртви од кочанската трагедија од 16 март 2025 година.

На чело на маршот беа родителите на Ивона, Тошо и Стојка Антови кои ги водеа планинарите до врвот, додека членот на организаторот на настанот, Планинарско спортскиот клуб „Осогово“ – Кочани, Мирче Ефремов на почетокот на маршот ги поздрави присутните.

Стојка и Тошо Антови

Секој чекор што ќе го направиме денес е мал знак дека тие не се заборавени. Секој здив на планинскиот воздух е потсетник колку е драгоцен животот. Секој поглед кон хоризонтот е надеж дека светлината секогаш постои, дури и кога патот е тежок. И кога ќе стигнеме на врвот, тишината нема да биде празна. Таа ќе биде исполента со нивната смеа што ја паметиме, со нивната младост што никогаш нема да избледи и со нашата решителност дека нивниот спомен ќе остане жив, и со нашата решителност дека нивниот спомен ќе остане жив. По секоја бура од снегот изникнуваат кокичиња, мали и ранливи. Од нашата болка и тага, од нашите солзи треба да изникнат кокичиња на надеж, на сеќавање и ветување пред самите себе, дека никогаш нема да бидат заборавени и дека ова никогаш повеќе нема да дозволиме да се повтори. За Ивона, за 63-те ангели. Нека им е вечна светлината, рече Ефремов.

 

Присутните ги поздрави и претседателот на Советот на Општина Кочани, Александар Андов и член на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.

 

Во спомен на жртвите беа запалени и свеќи во форма на срце.

Планинарите ја поминаа патеката во должина од 9 километри до врвот Панаѓур каде направија кратка пауза. Потоа на враќање за сите учесници имаше организирано планинарски ручек во манастирската трпезарија на храмот „Св. Василиј“ на Пониква.

Oрганизаторот на настанот, ПСК „Осогово Кочани“ додели благодарници на клубови и помагатели за учество и реализација на меморијалниот марш.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

25 Мај – празникот што ја обединуваше Југославија

Со Штафетата на младоста и масовниот слет на стадионот ЈНА во Белград, 25 мај беше еден од најзначајните празници во поранешна СФРЈ. Празникот се одбележувал од 1945 до 1988 година и бил поврзан со роденденот на Јосип Броз Тито, иако според историските податоци Тито е роден на 7 мај 1892 година. Во првите години 25

Познати стадионите за баражите за Втора лига: Кочани домаќин на Кожув – Борец

Познати се стадионите на кои ќе се одиграат бараж натпреварите за пополнување на местата во Втората македонска фудбалска лига за сезоната 2026/2027. На 30 мај ќе се одиграат три средби со почеток од 16:30 часот. Во Кратово силите ќе ги одмерат Каменица Саса и Еуромилк ГЛ, на Градскиот стадион во Кочани ќе се сретнат Кожув

Домашното производство под притисок: Земјоделците бараат фер пазар и контрола на увозот

Земјоделците алармираат дека проблемот не е само во увозот, туку и во слабите контроли и неправилното декларирање на производите на пазарите. Според нив, дел од увезената стока се препродава како домашна, со што се оштетуваат локалните производители и потрошувачите. Економистите посочуваат дека увозот е нормален дел од пазарот, но проблемот настанува кога нема доволна инспекција,