МАКЕДОНСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО ХОЛАНДИЈА СЕ ПРОСТИ СО СВЕТЛАНА МИШЕВА

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во Хендрик-Идо-Амбахт (предградие на Ротердам) денеска беше испратена во вечноста долгогодишната активистка, воедно и почесен претседател на Македонската заедница во Холандија – Светлана Мишева, а со нејзината смрт холандскиот цивилен и воен ред Оранје-Насау остана посиромашен за единственот член од македонско потекло и заслужен граѓанин на Холандија.

НАЈДОСТОИНСТВЕН ПРЕТСТАВНИК НА МАКЕДОНСКАТА ДИЈАСПОРА ОД ХОЛАНДИЈА

„Замина во вечноста еден од најдостоинствените претставници на македонската дијаспора“ – се вели во сочувството од македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова. Македонската претседателка д-р Гордана Сиљановска-Давкова во сочувството до семејството Бојтендајк и до Македонската заедница во Холандија нагласи дека „името на Светлана Мишева останува трајно впишано меѓу најдостоинствените претставници на македонската дијаспора, каде со мудрост, достоинство и неуморна посветеност ги афирмираше македонската култура, традиција и национален идентитет.“

Претседателката Сиљановска-Давкова ја нарече Мишева „жена со редок интегритет, благородна мисија и исклучителен придонес за македонската кауза надвор од татковината.“

Прием на Светлана Мишева кај македонската претседателка д-р Гордана Сиљановска-Давкова, 24 октомври 2024

„Заминувањето на Светлана Мишева е огромна загуба за сите нас,“ се вели во сочувството на претседателката Сиљановска-Давкова, „а нејзиниот животен пат е доказ дека чесноста, трудот и пожртвуваноста оставаат неизбришливи траги, а со своето делување, таа беше мост меѓу татковината и Македонците ширум светот и потсетник дека љубовта кон Македонија не познава далечини и граници.“

Трите најпознати и одликувани жени за хуманост во светот: Мајка Тереза, Есма Реџепова-Теодосиевска и Светлана Мишева

Претседателот на Македонската заедница во Холандија Илија Талески во комеморативниот говор изрази жалење за загубата што Светлана Мишева нѐ напушти од овоземскиот свет, но подвлече дека „неизмерно сме горди што ја познававме и имавме чест да соработуваме со неа бидејќи таа беше нашиот ментор и го носеше епитетот „мајка на македонската заедница во Холандија“. „Светлана Мишева, рече Талески, беше пријател на човештвото и беше свесна дека голем број на популации во светот се подложени на нечовечки услови за живот и тоа го сметаше за морален скандал и срам за човештвото на нашето време.“

Цивилниот и воен ред за заслуги на Холандија (холандски: Orde van Oranje-Nassau) е основан во 1892 година и им оддава почит на поединци за извонреден придонес во холандското општество. Светлана Мишева стана член на Редот во 2009 година и беше одликувана од Нејзиното величество, тогашната холандска кралица Беатрикс.

Со опелото на Светлана Мишева чиноначествуваше отец Захариј (Панов) од македонската православна црковна општина Св.Стефан од Утрехт, а на вечното почивалиште ја испратија тесен круг на семејството, претставници од Македонската заедница во Холандија, црковната општина и македонската амбасада од Хаг. Двата столба на мостот кој последните 100 години ги поврзува Холандија и Македонија несомнено се холандскиот писател А. ден Долард и нашата Светлана Мишева.

Ти благодариме за сè драга Светлана. Почивај во мир и нека ти е вечна слава!

 

Светлана Мишева – животен век посветен на промовирање на македонската култура и  хуманоста

Светлана Мишева е родена 1944 година во село Плешенци, Пробиштип, но детството го минала во Скопје.

Светлана Мишева во КУД „Орце Николов“ позира на италијанското списание „Атланта“ во 1962 година

Беше редок и несекојдневен промотор на Македонија од својата рана младост како активен член на фолклорниот ансамбл „Орце Николов„ и во 60-тите години на минатиот век настапувала на скоро сите фолклорни фестивали низ целиот свет. Напоредно градела кариера и како фото-модел во поранешна Југославија за модната куќа L’Oréal. Непосредно по земјотресот во 1963 година работела во тимот на јапонскиот архитект Кензо Танге во изградбата на Скопје и на повик на ансамблот „Орце Николов“ повторно заминала на турнеја во Америка, но овој пат во хуманитарни концерти и собирање помош за обнова на македонскиот главен град. Во Холандија живеше од 1971 година со својот сопруг Дирк и нивните три деца, Тео, Јохан и Дона и активно помагала на бегалци, сиромашни и болни за чија хуманост добивала јавни признанија.

 Идоли на Светлана Мишева беа Мартин Лутер Кинг (јуниор), Петре М. Андреевски, Милан Кундера, папата Франциск и нигерискиот теоретичар и филозоф Ахил Мбебе, а во последната деценија Мишева ќе остане запаметена со повикот до Македонците во Холандија и во светот да не се откажуваат од својата културна и идентитетска борба,  бидејќи според М.Л.Кинг:  „човекот умира тогаш кога одбива да се застапува за она што е правда и за она што е вистина“ и додаде дека „утре нашите гробови не смеат да бидат празни“ (П.М.Андреевски).

Георги Гоце Дуртаноски, биограф на Светлана Мишева

Светлана Мишева како модел за модната куќа L’Oréal
Последната фотографија на Светлана Мишева на концертот по повод јубилејот 80 години КУД „Орце Николов“ 14 декември 2025, Скопје, Македонија. Фото: Александар Кондев

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО) Рекорден број на договори, планирана површина и очекуван тутунски принос за 2026 та

Со над 35 000 договори и очекувани над 31 000 тони ориентален ароматичен тутун, реколтата 2026/27 има добри изгледи да биде рекордна по принос и по пријавени површини. Ова е резултат на договорното производство, законските обврски што ја третираат оваа индустриска култура  како и ланските откупни цени. Во очекување на...

(ВИДЕО) Секој од нас носи приказна во себе… со Филип Николоски за неговата нова песна

Секој од нас носи приказна во себе…понекогаш тивка, понекогаш гласна… ама секогаш вистинска, вели Филип Николоски кој ни гостуваше во нашата отворена програма #РАДИОШТОСЕГЛЕДА .Неговото музичко дело Срце е е како ракија , деновиве е вистинско музичко освежување на македонската музичка сцена.Филип вели дека секој треба да е упорен во...

Општина Прилеп: Реконструкција на 3 детски и 2 училишни игралишта, изградба на спортска сала во основно училиште

Општина Прилеп продолжува со инвестиции за подобрување на условите за рекреација на најмладите и училиштната спортска инфраструктура. Веќе бил потпишан договор за изградба на ново детско игралиште со современи реквизити зад Участакот, во централното градско подрачје, а паралелно, течат активностите за изградба на уште едно  игралиште во типската населба, во...