Општина Прилеп продолжува со инвестиции за подобрување на условите за рекреација на најмладите и училиштната спортска инфраструктура. Веќе бил потпишан договор за изградба на ново детско игралиште со современи реквизити зад Участакот, во централното градско подрачје, а паралелно, течат активностите за изградба на уште едно игралиште во типската населба, во близина на стадионот со вештачка трева.
Како што информираат од општината во план за реконструкција е и постоечкото игралиште во типската населба, веднаш до црквата во центарот на населбата. Средствата биле обезбезбедени, а наскоро ќе била објавена и јавна набавка.
Што се однесува до спортската инфраструктура во прилепските училишта предвидена е реконструкција на две спортски игралишта во ООУ „Кочо Рацин“ и ООУ „Кире Гаврилоски“, со поставување на современа тартан подлога. Воедно, веќе е најавен проектот за изградба на спортска сала во централното ООУ „Страшо Пинџур“ во Мало Коњари, инвестиција која ќе обезбеди подобри услови за спорт и физичка активност за учениците.









