Секој од нас носи приказна во себе…понекогаш тивка, понекогаш гласна… ама секогаш вистинска, вели Филип Николоски кој ни гостуваше во нашата отворена програма #РАДИОШТОСЕГЛЕДА .Неговото музичко дело Срце е е како ракија , деновиве е вистинско музичко освежување на македонската музичка сцена.Филип вели дека секој треба да е упорен во она што сака да го работи , без разлика со какви животни предизвици се соочува и ќе се си ја реализира целта.Се разбира и оваа негова композиција го има стилот на претходната , што пак секако го прави Николоски посебен и препознатлив со своите песни.Радио Пела на вистински начин ја промовираше песната на Филип а вие погледнете го разговорот во целост подолу во видеото.









