(ВИДЕО) Рекорден број на договори, планирана површина и очекуван тутунски принос за 2026 та

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Со над 35 000 договори и очекувани над 31 000 тони ориентален ароматичен тутун, реколтата 2026/27 има добри изгледи да биде рекордна по принос и по пријавени површини. Ова е резултат на договорното производство, законските обврски што ја третираат оваа индустриска култура  како и ланските откупни цени. Во очекување на субвенциите за предаденото производство, тутунарите се подготвуваат за расадување на новата реколта.

„Оваа година имаме рекордно зголемување на површини и на договори. Склучени се договори за  површина од 15.000 хектари под тутун, односно 35  227 договори имаме и негде се очекува да приносат 31 575 000 килограми тутун. Интересот е зголеме заради тоа што оваа култура од земједелието е најдоховна. Подобро платена култура од тутунот, во моментов нема. Така што  сите земједелци, тутунопроизводители ги зголемуваат површините, баш врз основа на тоа е зголемена цената за откуп“, вели Кире Ристески од Сојузот на тутунски здруженија.

Засега откупувачите не нудат изголемување, но од Сојузот велат дека се во контакт со откупувачите.

„На секој состанок со откупувачите ние упатуваме барање за зголемување на цената. Очекуваме  пред почетокот на откупот, со анекс договори да ги коригираме цените. Ако не ги коригираме ценете, тогаш мислиме дека ќе проложи истиот откуп како ланската и предланската година, да оди само во прва класа,“ потенцира Ристески кој што посочи дека намалувањето на цените на вештачките ѓубрива со мерката на Владата е од помош за тутунарите.

Станува збор за намалување на цените од околу 5% на вештачките и 10% на органските ѓубрива. Што се однесува до исплатата на субвенциите за предадено производство, се очекува тутунарите да ја добијат финансиската поддршка во ек на расадување на новата реколта.

„Во тек изработката на налозите за исплаќање за субвенциите. До крај на месецов ќе се изработат и ќе се исплати сувенцијата за СИТЕ тутунопроизводители,“ потенцираше Ристески.

Тутунарите се подготвуваат за новата реколта со очекување на субвенциите, сега кога се најпотребни, и она што е најважно – зголемување на цените.

„ Лани имавме 40 декари, годинава ќе имаме повеќе околу 80 декари. Го зголемивме производството оти мислиме дека имаме најголем ќар од тоа. На 7 или 8 ми мај планираме да започнеме со расадување на тутунот. Оваа година очекуваме и повисоки цени, некаде околу 500 денари плус субвенција некаде околу 600 денари за килограм, така ќе ни се исплаќа. Пак, в година пак би ги зголемиле површините, како што направивме годинава. Тоа најмногу зависи од цената. Се надеваме бидејќи се зголемува цената на нафтата, очекуваме Владата да овозможи некаде околу 500 денари за кгр и субвенцијата, би дошле некаде околу 600 денари за кгр. Ќе бидеме најсреќни ако тоа се оствари,“ вели  Миле Трајкоски од Мало Коњари, прилепско.

Според склучените договори и по површина и по очекувано производство зголемувањето изнесува околу 10 % . Лани беа опфатени под тутун 14.000 хектари, сега се 15.000 хектари. Реколтата 2026 беа склучени 33.000 договори, а за годинешната 35.227 договори. Ланската реколта беа предадени 26 милиони килограми. Како ќе се реализираат плановите на тутунарите од сега најмногу зависи од временските прилики, бидејќи земјоделството е најголемата фабрика на отворено.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО) Секој од нас носи приказна во себе… со Филип Николоски за неговата нова песна

Секој од нас носи приказна во себе…понекогаш тивка, понекогаш гласна… ама секогаш вистинска, вели Филип Николоски кој ни гостуваше во нашата отворена програма #РАДИОШТОСЕГЛЕДА .Неговото музичко дело Срце е е како ракија , деновиве е вистинско музичко освежување на македонската музичка сцена.Филип вели дека секој треба да е упорен во...

Општина Прилеп: Реконструкција на 3 детски и 2 училишни игралишта, изградба на спортска сала во основно училиште

Општина Прилеп продолжува со инвестиции за подобрување на условите за рекреација на најмладите и училиштната спортска инфраструктура. Веќе бил потпишан договор за изградба на ново детско игралиште со современи реквизити зад Участакот, во централното градско подрачје, а паралелно, течат активностите за изградба на уште едно  игралиште во типската населба, во...

Уште една навика што ги краси прилепчани – најажурни во селекција на отпадот

Истражувањето што го спроведе Друштвото за управување со амбалажен отпад „Пакомак“ во март годинава покажало и дека од сите видови амбалажен отпад, Македонците најчесто селектираат пластика. Дури 70,8 % од испитаниците што селектираат одговориле дека редовно селектираат пластични шишиња, а 46,6 % од нив одговориле дека селектираат секаков вид пластичен...