Maкедонија на 4 то место во светот по потрошувачка на цигари

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Македонија е меѓу првите пет земји во светот по потрошувачката на цигари, а речиси половина од населението користи тутун. Ова се податоци кои ги изнесе министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на состанокот на високо ниво што се одржува во Подгорица во организација на Министерството за финансии на Црна Гора во соработка со Светската здравствена организација, посветен на елминирање на штетните влијанија од употребата на тутун.

„Справувањето со здравствените и економските последици од употребата на тутунот, е навистина голем предизвик за сите земји од регионот, вклучително и во мојата земја, во која има поразителни статистики и во однос на процентот на корисници на тутунот, и на бројот на загубени живот како последица на оваа зависност, како и штетите на годишно ниво кои се изразени во милијарди денари. Спроведените студии даваат фрапатни податоци за конзумирање на тутун. Мојата земја за жал е четврта земја во светот по потрошувачка на цигари.  Половина или околу 45 проценти од возрасното население користи тутун. Последиците се уште попоразителни со околу 5000 смртни случаи годишно и трошоци на годишно ниво од 38 милијарди денари. Ова е повеќе од очигледно дека е потребна итна акција“, порача министерката за финансии.

Таа се осврна на мерките што ги има преземено Македонија досега во насока на ставање под контрола на употребата на тутунот, напоменувајќи ги воведените и постепеното зголемување на акцизите кај тутунот и тутунските производи, новиот Закон за акцизи, забраната за пушење во јавните објекти, како и повеќе мерки и активности кои се во делот на Царинската управа, а со цел сузбивање на црниот пазар со тутун и тутунски производи.

Преку Министерството за здравство имаме активна соработка со Светската здравствена организација во областа на контролата на тутунот како дел од Двегодишниот договр за соработка кој е фокусиран на конкретни активности, како и мерки од Протоколот за елиминирање на недозволената трговија со тутунски производи кон Рамковната конвенција за контрола на тутунот“, наведе министерката и додаде дека имплементацијата на предвидените мерки треба да ја намалат превалненцата на пушење на 18%.

Оцени дека станува збор за сеопфатен сет алатки за борба против нелегалната трговија, воспоставувње глобален систем за следење на движењето на тутунските производи, како и мерки за унапредување на меѓународната соработка, и имплементирање санкции и мерки за спроведување на законите, а има цел да се бори против црниот пазар на тутунските производи, кој игра клучна улога во поткопувањето на политиките за контрола на тутунот и јавното здравје.

При тоа  министерката Димитриеска-Кочоска сподели податоци дека во текот на 2024 година се откриени 10 случаи на нелегална трговија на тутун со 1355 килограми, 50 случаи со цигари со близу 300 илјади парчиња, три случаи на недозволена трогивја со електронски цигари и патрони , како и по еден случај со пури и СНУС.

На состанокот во Подгорица учествуваат министри и заменици министри за финансии на земјите од Западен Балкан, како и претставници од претставници на Свеската здравствена организација и Eвропската комисија, Обединетото Кралство, Словенија, Светска банка, Светската царинска организација, Организацијата за економска соработка и развој, како и претставници на академската заедница.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Од 0 до Култура“ вечерва со Crossroad Blues Band Reloaded

Годинешното издание на проектот „Од 0 до Култура” започнува денеска на 18.06.2026 од 21:00ч. со концерт на групата Crossroad Blues Band Reloaded, која ќе ве поведе на едно посебно музичко патување на Камената бина во Прилеп. Концертот „Жените во блузот“ е посветен на најголемите женски имиња кои оставиле неизбришлива трага...

(ВИДЕО)Долгометражен филм „Девојките на Марко“ првенче на драмската секција при СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп

По мотиви на книгата „Девојките на Марко“ од авторката Оливера Николова е новиот проект на драмската секција „Слободно театарче“ при СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп креираше долгометражен филм. „Девојките на Марко“ е реализаран под менторство на проф. Билјана Тинтоска и режија на Филип Стојаноски. Улогите ги толкуваат: Тоше Тодороски, Филип Сотиров,...

🍻ПИВО ФЕСТИВАЛ ПРИЛЕП: ТРИ ФЕСТИВАЛСКИ ВЕЧЕРИ БАЛКАНСКИ И МАКЕДОНСКИ ЅВЕЗДИ (ВИДЕО)

Пoзната е целосната програма за Пиво Фестивалот Прилеп 2026. Балкански и македонски музички ѕвезди ќе настапуваат на трите фестивалски вечери, а предвидени се и диџеј забави пред почетокот на настапите на главната сцена и по завршувањето на камената бина на плоштадот Александрија. Од 17 до 19 јули главна ѕвезда за...