Ладна вечер во Македонија: Плетвар магливо – температурите веќе паднаа под нулата

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На Плетвар магла и слаба видливост. Внимателно возење и минимална брзина е најдобрата проценка за безбедно возење на превојот, кој е со над 1000 м, надморска висина. Метеролозите велат дека и понатаму ќе има нискаи температури во текот на ноќта.

Возачите сепак треба да внимаваат на можни лизгави делници во вечерните и утринските часови поради ниските температури, особено на повисоките и планинските места, како и по западните и североисточните региони. Очекувањата се дека студеното време ќе продолжи и во наредните часови, со можност минималните температури да паднат уште пониско, особено во северните и западните делови на земјата.

Утре, неделното утро ќе стартува со околу 0 степени, со тивко и претежно ведро време. Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно, но суво време, со сончеви периоди и максимална температура до околу 9 степени. Ниски температура, но со нешто повеќе облачност, се очекува особено во Битола и Прилеп.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Со „Девојките на Марко“ сцената оживеа со харизма, хумор и маестрална игра

Преку комедијата „Девојките на Марко“, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ и одличната актерската екипа: Наташа Ачански, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Лора Штарго, Димитар Ѓоргиевски и Илија Волчески, само потврдија и докажаа дека во Прилеп не е загубен духот на мајтапот, здравиот хумор, шегата и смеата. Публиката ракоплескаше со жар...

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...