Конституиран Советот на Општина Прилеп, Билјана Кржеска е новиот претседател

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во општинската собраниска сала во Прилеп денеска беше конституиран новиот 27 член на Советoт, кој ќе работи во следните четири години и ќе донесува одлуки значајни за функционирањето на општината и за подобрување на животот на прилепчани. Новиот состав има 17 советници од ВМРО ДПМНЕ, шест од СДСМ со Коалицијата, тројца од Левица и еден советник е од ЗНАМ.

По конституирањето на советот беше избран и претеседателот на Советот на Општина Прилеп. Со мнозинство гласови за претседател е избрана доктор Билјана Кржеска (специјалист гинеколог) од ВМРО ДПМНЕ: 

„Голема е честа што ја добив да бидам претседател на Советот на Општина Прилеп. На сите нас ни е дадена шансата да оставиме свој белег и да испишеме уште една страна во постоењето на Општина Прилеп. Локалната власт е најуспешна кога им  служи на граѓаните и на народот. А на граѓаните и на народот се служи кога ќе ја почитуваме транспарентноста, кога ќе слушаме со почит и кога ќе делуваме со чесност.  Лично верувам дека целиот Совет има потенцијал и капацитет да го направи Прилеп град со кој сите ќе се гордееме.  Во различноста е силата! Очекувам индивидуалниот ангажман на секој советник да биде рефлексија на потребите на сите граѓани,“ рече Кржеска, новоизбраната претседателка на Советот на Општина Прилеп. 

На првата конститувна седница во своето обраќање градоначалникот Дејан Проданоски упати честитки до новоизбраните советници и новоназначената претседателка на Советот Билјана Кржеска и воедно повика на соработка и сплотеност за развој на општината:

„Денес е голем и свечен ден за нашиот Прилеп, ден кога започнува ново поглавје на заедништво, развој и напорна работа. Од срце им честитам на сите 27 новоизбрани членови на Советот на Општина Прилеп. Ви посакувам успешен, мудар и плоден мандат исполнет со конструктивни дебати и резултати во интерес на граѓаните. Посебна честитка упатувам до новоизбраната претседателка на Советот, д-р Билјана Кржеска, со искрени желби за успешно водење на советничкото тело во духот на соработка и посветеност кон сите прилепчани. Изборите завршија, време е за работа! Граѓаните јасно и одлучно ни ја дадоа довербата да создадеме подобар, посовремен и похуман Прилеп. Заедно ќе работиме на: – Целосно уредување на индустриските зони „Прилеп 4“ и „Прилеп 5“, – Уредување на коритото на Градската Река и создавање нови зелени површини, – Изградба на два нови големи парка и обиколниците „Исток“ и „Запад“, – Изградба на нова детска градинка во населбата „Рид“, – Реконструкција на спортската сала „Македонија“ и театарот „Војдан Чернодрински“. Ова не се само ветувања, ова е нашата обврска кон граѓаните. Со поддршката на Владата и со заедничка работа, Прилеп конечно ќе го заземе местото што го заслужува, како центар на развојот и гордост на Македонија, рече Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

‼️Да гласаме -„Прилепчанчина“ имаат голема шанса за освојување МИЛИОНЧЕ‼️

Четиричлена екипа ученици од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ има голема шанса да освојат награда од 1 милион денари. Тимот на „Прилепчанчина“ составен  од Иринеј Трајкоски, Антонио Христоски, Христијан Трајкоски и Даријан Мицкоски, сите ученици од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ со својата идеја Локал Лендс (Local Lands) се пласираше во првите...

„Не биди трупец, засади дрво“ – акција за пошумување во билизна на с. Лениште

По повод Светскиот ден на лицата со дијабетес – 14 ноември и негово одбележување, во општина Прилеп ќе се реализира третата по ред акција за пошумување под мотото „НЕ БИДИ ТРУПЕЦ, ЗАСАДИ ДРВО“, во организација на „Сина Револуција“. Акцијата ќе се реализира на 16 ноември 2025/ недела/ од 10.00 часот...

Приказна за човекот и мечката – „Кој кому му е закна ?!„

Ноември – месецот кога шумата тивко се подготвува за зима. Но, зад мирната слика, понекогаш се крие опасност. Денoвиве јавно се говри за нешто што сè почесто го слушаме во вестите: напад на мечка врз човек. Се започнало како обично утро – човек излегува да бере печурки во шумата. Но,...