Ќе се снимаат собраќајните прекршоци и ќе се казнуваат прекршителите – стартува пробниот период за системот „Безбеден град“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Од утре, 1 декември почнува пробниот период за системот „Безбеден град“ за автоматизирано регистрирање сообраќајни прекршоци, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Во пробниот период, сторителите ќе добиваат известување за сторениот сообраќаен прекршок“, се вели во соопштението од полицијата.

Инаку, пробниот период е до Нова година, кога возачите ќе добиваат само предупредување за сторените прекршоци, без изрекување казни, а од јануари идната година, системот ќе почне целосно да се применува.

„Сторителите на прекршоци што ќе бидат документирани преку овој систем ќе бидат санкционирани согласно одредба што ја регулира најголемата дозволена брзина на движење на возилата. Нема да има толеренација без разлика дали ќе се документира прекршок во населено место или надвор од населено место“,велат од МВР

Сопствениците на возилата чие прекршување ќе биде документирано, ќе добијат СМС и маил известување со линк, на кој ќе се може да се преземе записник и платен налог. Од моментот на приемот, тече рок од осум дена за плаќање половина од сумата на казната. По истекот на тој рок, износот мора целосно да се плати во следните осум дена, пред да почне постапката за присилна наплата.

Казните ќе можат да се плаќаат и електронски, а системот веднаш ќе ја известува полицијата дека глобата е платена.

До средината на следната година се очекува со овој систем, што детектира сообраќајни прекршоци, да биде покриена целата територија на државата. Со камери засега ќе бидат покриени Скопје, Тетово и Куманово, но и автопатите и експресните патишта долж коридорите „8“ и „10“.  Технологијата ќе нема милост кон прекршителите, а целта е поуреден и побезбеден сообраќај.

Дали камерите ќе ги вразумат возачите, ќе се види веќе во првите недели од системот, кој од утре почнува да снима и да предупредува, а од нова година и да казнува.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Предлог 13 Величествени, Ротари клуб Прилеп – инспиративна приказна за солидарност, култура и општествена одговорност

Предлог на Радио Пела за избор за 13 Величествени e Ротари клуб Прилеп – инспиративна приказна за солидарност, култура и општествена одговорност. Ротари клуб – Прилеп во последните месеци стана центар на медиумско внимание благодарение на своите хуманитарни активности и силната посветеност кон заедницата. Со донации, културни настани и поддршка...

Предлог за 13 Величествени, ФК Големо Коњари – инспиративна приказна за спорт

редлот на Радио Пела за 13 Величествени е фудбалската екипа ФК Големо Коњари – инспиративна приказна за спорт во Прилеп ФК Големо Коњари стана вистинска медиумска сензација благодарение на својата активност во заедницата и напорите за развој на спортот во регионот. Клубот не само што се врати во Втората лига,...

Предлог за 13 Величествени, Николче Здравески (постхумно) –  легендата на фудбалскиот терен и надвор од него 

(Постхумно) Предлог на Радио Пела за 13 Величествни е Николче Здравески –  легендата на фудбалскиот терен и надвор од него. Беше една од најголемите спортски легенди на Прилеп, чија активност и успеси постојано предизвикуваа внимание кај медиумите и јавноста. Неговата кариера, исполнета со голови, трофеи и тренерски успеси, го направи...