Јаневска: Секоја успешна образовна приказна започнува со наставник кој верува во ученикот

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Oд различни перспективи која е суштината на наставничката професија и што навистина значи да се биде добар учител беше тема на денешната панел-дискусија во Прилеп, дел од кампањата „Магијата е во знаењето“.

Панел-дискусијата со наслов „Добриот наставник прво е пријател, па потоа учител – Магијата на ‘Добро утро, деца’“ собра наставници, стручни лица, родители и претставници на академската заедница, кои од различни перспективи зборуваа за суштината на наставничката професија и за тоа што навистина значи да се биде добар учител.Наставник што верува во секое дете, што станува глас на охрабрување, водич низ секојдневието и сојузник во учењето, токму такви примери беа во фокусот на денешната панел – дискусија што се одржа во Прилеп, во рамки на националната кампања „Магијата е во знаењето“, која ја спроведува Министерството за образование и наука.

Во своето обраќање, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, ја нагласи исклучителната улога на наставниците не само како пренесувачи на знаење, туку и како личности што со својата посветеност, емпатија и личен пример оставаат неизбришлива трага во животите на младите.

„Секоја успешна образовна приказна започнува со наставник кој верува во ученикот. Кога едно дете ќе почувствува дека некој со внимание го гледа, го слуша и верува во неговиот потенцијал, тогаш се случува вистинска промена. Нашата мисија е да го зајакнеме системот кој ги препознава и цени наставниците, а преку оваа кампања, сакаме не само да ја потврдиме нивната важност, туку и да го вратиме достоинството на професијата што ја гради иднината“, истакна Јаневска.

Министерката потенцираше дека со потпишувањето на спогодбата со СОНК, Владата обезбеди гаранција за континуиран годишен раст на платите на наставниците, кој ќе биде реален и ќе зависи од степенот на инфлација. Додаде и дека овозможен е кариерен развој на наставниците и стручните соработници преку повиците за напредување во звања ментор и советник не само во основните, туку за прв пат годинава и во средните училишта.

Проф. д-р Данче Сивакова Нешковски, декан на Педагошкиот факултет во Битола, рече дека добриот наставник е оној кој пред сѐ умее да слуша, да разбере и да создаде врска со секое дете, а дури потоа да предава.

Наставниците и стручните лица од основните и средните училишта во Прилеп говореа за секојдневните предизвици во работата, но и за моментите кои им се показател дека нивниот труд прави разлика. Родителите истакнаа дека вистинскиот наставник е оној што детето го гледа како сојузник, а училиштето како средина што го поддржува и инспирира детето.

Денешната панел-дискусија е дел од националната кампања „Магијата е во знаењето“, во чии рамки се реализираат низа активности, од јавни настани и тематски собири, до едукативни видеа, интерактивни работилници и вклучување на широк круг чинители од образовниот и општествениот живот.

Преку овие активности, се настојува да се создаде поширока општествена поддршка и разбирање за значењето на наставничката улога. Фокусот е ставен на тоа наставниците да добијат поголема видливост, почит и поддршка, како луѓе кои секојдневно вложуваат знаење, труд и посветеност во воспитувањето и образованието на новите генерации и кои претставуваат двигатели на напредокот на секое општество.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

❗❗УХМР: Вонредно предупредување за обилни врнежи и силен ветер ❗❗

Управата за хидрометеоролошки работи денеска излезе со предупредување за обилни врнежи и ветер деновиве:

Ротари клубот- Прилеп донираше дрон за превентива од пожари на ТППЕ – Прилеп

Дронот, кој ќе прави извиди над шумите и околината на Прилеп, има за цел да делува превентивно во спречување на пожарите на отворено и во спречување на дрвократството. Целта да се олеснат извидите на лице место кога има шумски пожари и дива сеча, но и за пожарите во градот. Дронот,...

Во Цепенков по повод Светскиот ден на детето ќе се прикажува претставата „Три“

По повод Светскиот ден на детето на 20 ноември 2025, четврток, од 11.00 и од 12.00 часот, во ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде прикажана претстава „ТРИ“ – прва професионална претстава на знаковен јазик за деца. Претставата четири години е активна на македонската сцена со цел децата кои припаѓаат на глувонемата...