Изложба на дела од 17 -та ликовната колонија „Марко Цепенков – Дрен 2025“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На 3 – ти ноември 2025 / понеделник / од 18.30 ч. во Ликовната галерија од ЦК„Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложба на дела од 17 -та ликовната колонија „Марко Цепенков – Дрен 2025“, што Центарот ја реализираше во септември со поддршка на Министерството за култура и туризам.

На изложбата ќе бидат презентирани дела од 16 уметници – учесници на колонијата од земјава, Србија, Хрватска и Црна Гора. (Звјездана Јембрих, Јуре Кокеза и Злата Томљеновиќ од Хрватска, професорот Звонко Павличиќ од Црна Гора,  Снежана Манасиќ од Србија,  Стефан Анчевски, Васко Горѓиев, Дејан Макаријоски, Верче Николоска, Александар Џинго, Ферди Булут, Марјан Стојаноски, Златко Крстески, Емил Димоски, Слободан Милошевски и Бојана Тошевска, кои на Центарот и на градот му оставија вредни уметнички дела, кои ќе сведочат за нивното убаво дружење, размена на искуства и творештво.)

Прилеп, град сместен под Марковите кули 17 години по ред ја организира ликовната колонија „Марко Цепенков“ – ДРЕН, која ги спојува истакнатите домашни и меѓународни уметници. Оваа година на традиционалната колонија во организација на Центарот за култура, сместена во конакот на манастирот Свети Ѓорѓија, учество земаа 16 уметници од Србија, Хрватска, Црна Гора и Македонија создавајќи вредни и трајни дела кои се наоѓаат во фундусот, а ќе бидат изложени за љубителите на уметноста, и како инспирација за генерациите кои доаѓаат. На изложбата ќе бидат презентирани 27 слики на уметници од различни старосни структури, творечки индивидуалности, ликовни сензибилитети и поетики, успешно остварени во разноврсни ликовни техники, како масло и акрил, но и комбинирани пристапи кои спојуваат повеќе медиуми. Со ова, во културолошка смисла  изложбата претставува преглед на моменталниот пресек на современото уметничко творештво и потврдува континуитет во популаризација и негување на сликарската колонија, изразувајќи го нејзиното значење и вредност, со што придонесува за развојот и афирмацијата на ликовната уметност.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

‼️Да гласаме -„Прилепчанчина“ имаат голема шанса за освојување МИЛИОНЧЕ‼️

Четиричлена екипа ученици од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ има голема шанса да освојат награда од 1 милион денари. Тимот на „Прилепчанчина“ составен  од Иринеј Трајкоски, Антонио Христоски, Христијан Трајкоски и Даријан Мицкоски, сите ученици од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ со својата идеја Локал Лендс (Local Lands) се пласираше во првите...

„Не биди трупец, засади дрво“ – акција за пошумување во билизна на с. Лениште

По повод Светскиот ден на лицата со дијабетес – 14 ноември и негово одбележување, во општина Прилеп ќе се реализира третата по ред акција за пошумување под мотото „НЕ БИДИ ТРУПЕЦ, ЗАСАДИ ДРВО“, во организација на „Сина Револуција“. Акцијата ќе се реализира на 16 ноември 2025/ недела/ од 10.00 часот...

Приказна за човекот и мечката – „Кој кому му е закна ?!„

Ноември – месецот кога шумата тивко се подготвува за зима. Но, зад мирната слика, понекогаш се крие опасност. Денoвиве јавно се говри за нешто што сè почесто го слушаме во вестите: напад на мечка врз човек. Се започнало како обично утро – човек излегува да бере печурки во шумата. Но,...