Дулеска: Скапоцени и применливи впечатоци од посетата на Кина

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Таа е професор по англиски јазик. Таа е динамична, препознатлива, отворена, секогаш позитивна и желна за отворање на нови хоризонти, нови знаења кои несебично ги применува во својата работа. Се труди да донесе свежина во својата работа, да ги направи часовите интересни и примамливи за децата. Нејзината вокација е „Образованието никогаш не запира, секогаш е добро кога се научи нешто ново, а уште подобро кога е применливо кај нас, во наши услови“.

За професор доктор Марија Дулеска посетата на Народна Република Кина бил голем предизвик, планиран и реализиран со голема радост.  Што може да се научи и да се примени кај нас од оваа древна цивилизација каде дисциплината, почитта кон сопствената историја, култура и традиција се на највисоко можно ниво.

Искуствата од десетдневната посета на Кина  Марија несебично ни ги сподели низ искрен и интересен разговор во програмата „Радио што се гледа“

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Со „Девојките на Марко“ сцената оживеа со харизма, хумор и маестрална игра

Преку комедијата „Девојките на Марко“, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ и одличната актерската екипа: Наташа Ачански, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Лора Штарго, Димитар Ѓоргиевски и Илија Волчески, само потврдија и докажаа дека во Прилеп не е загубен духот на мајтапот, здравиот хумор, шегата и смеата. Публиката ракоплескаше со жар...

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...