Денеска на “Вештачко езеро“ – Две лица на Прилеп: Додека едни чистат, други повторно загадуваат

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Вештачкото езеро, гордост на прилепчани и омилено место за прошетки и одмор, денеска повторно е сцена на човечка негрижа. И, покрај вчерашната еко-акција во која волонтери, ученици и граѓани со љубов и посветеност го чистеа просторот околу езерото, утрово повторно беа забележани расфрлани пластични шишиња, кеси, остатоци од храна и друг отпад. Овој контраст меѓу совесноста и немарноста ја отсликува реалноста во која живееме! Додека едни веруваат во еколошката свест и вложуваат труд за почиста животна средина, други со своето однесување ја поткопуваат таа заложба.

„Не чистиме за да се сликаме, туку за да живееме подобро,“  „Но, кога ќе се вратиме по неколку дена и ќе видиме дека сè е повторно исто, се прашуваме дали навистина вреди, изјави вчера една од волонтерките која учествуваше во акцијата,како да знаеше дека ова ќе се случи.“

Ова не е изолиран случај. Слични сцени се повторуваат по секоја акција за чистење, што укажува на длабок проблем – недостаток на еколошка култура и одговорност кај дел од граѓаните. Иако, постојат закони за казнување на загадувачите, нивната примена е ретка, а контролата речиси непостоечка. „Време е за системски пристап“,рече вчера градоначалникот на Прилеп, Дејан Продноски и најави  донесување на правилник за комунален ред и освежување на Правилникот кој што го има градот со поригорозни мерки. “ Имаме 69 илјади жители во општина Прилеп не може Комуналец да има 69 илјади вработени да оди по секој еден од нас и да го собира она што го растураме. Си има закони кои треба да се почитуваат и да, треба подобрување во работата на ЈКП Комуналец..“, рече тој

Но, потребни се не само казни, туку и континуирана едукација, инфраструктура за отпад и, пред сè, лична одговорност. Природата не е депонија, а Вештачкото езеро не заслужува да биде жртва на човечката негрижа.

Сè додека не сфатиме дека секое фрлено шише е удар врз нашето здравје и иднина, ќе останеме заробени во овој маѓепсан круг на чистење и повторно загадување.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Со „Девојките на Марко“ сцената оживеа со харизма, хумор и маестрална игра

Преку комедијата „Девојките на Марко“, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ и одличната актерската екипа: Наташа Ачански, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Лора Штарго, Димитар Ѓоргиевски и Илија Волчески, само потврдија и докажаа дека во Прилеп не е загубен духот на мајтапот, здравиот хумор, шегата и смеата. Публиката ракоплескаше со жар...

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...