Од денеска повторно на нашата радио и мултимедиална програма се вража емисијата во која се собираат спортските информации и се презентираат а во исто време се разговара на актуелни спортски теми , СПОРТСКИ ЖУРНАЛ со колеггата Зоран Игески.За тоа што се случува во ракометниот суперлигаш Прилеп разговаравме во првото издание...
Бурна дебата на советниците на 57 седница на Советото на Општина Прилеп, која траеше повеќе од 8 час. На дневен ред беа 30-тина точки , меѓу кои годишните сметки на Општина Прилеп, извештај на Општина Прилеп за 2024 година, одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина...
Жена-краец фатена како кради во куќа ова утро. Имено, утрово, во 05.15 часот на ул. „Јоска Јорданоски“ вo Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ја лишиле од слобода 36 годишната Е.У од Прилеп. Таа била затекната како врши кражба во куќа. По документирање на настанот, против неа ќе следува соодветна...
Синоќа, во градската библиотека „Борка Талески“ се одржа прилепска промоција на романот „Единствен матичен број“ од македонската писателка Лидија Димковска. Како и претходните три, и овој роман на Димковска ја разбранува македонската читателска јавност, пред се заради актуелноста на темата која ја обработува делото. Романот „Единствен матичен број“, објавен во...
Утре (15) март, од 12.00 часот во фоајето на ЦК „Марко Цепенков“, децата и нивните родители во Прилеп, ќе имаат уникатна моност за пријатна дружба со книгата „Илина и шумските тролови“ во присуство на авторката Хана Корнети. Присутните ќе имаат можност директно да поразговараат со авторката на книгата. Промоторка на...
Македонија е меѓу првите пет земји во светот по потрошувачката на цигари, а речиси половина од населението користи тутун. Ова се податоци кои ги изнесе министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на состанокот на високо ниво што се одржува во Подгорица во организација на Министерството за финансии на Црна Гора во...
На 12.03.2025 во 16.10 часот на ул.„Рајко Жинзифов“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слoбода А.Е.(36) од Прилеп, кој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Прилеп за издржување на затворска казна. Лицето било спреведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола...
Пред утрешната седница на Советот на Општина Прилеп, денеска прес конференција одржа опозициската советничка група на СДСМ и Коалиција, на која обвинија за како што рекоа недомаќинско, нестручно и криминално трошење на парите на граѓаните од страна на локалната власт, јавните општински претпријатија и градоначалникот Јовчески. Ја објавуваме во целост:
Во периодот од 12 до 19 март секоја година се одбележува Светската недела за борба против ГЛАУКОМ (заболување на покачен очен притисок, заболување кое ако не се лекува може да доведе до неповратно целосно губење на видот). Во рамките на одбележувањето на споменатата недела Службата за заштита на видот при...
Се известуваат родителите на децата кои оваа година ќе се запишуваат во прво одделение дека задолжителниот систематски преглед на видот можат да го закажат преку институцијата МОЈ ТЕРМИН со помош на матичните лекари. Систематските прегледи ќе се извршуваат во просториите на кабинетот по ОРТОПТИКА кој се наоѓа до очната амбуланта...
Под слоганот „Ние гледаме луѓе“ Црвениот крст на Македонија годинава одбележува 80 години од основањето. Јубилејниот карван синоќа пристигна во Прилеп со чествување во градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп. Настанот се одржа во присуство на д-р Лилјана Ристевска, потпретседател на Црвениот крст на Македонија, претставници на Црвениот крст од...
Утревечер во ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Мотиви од Хераклеја“ од битолскиот уметник Панде Петровски. Со изложбата Центарот ја започнува реализацијата на годишната, обемна програма од областа на визуелните уметности, поддржана од Министерството за култура и туризам. Овие слики на Панде Петровски полни се со...