Саботно пладне со книгата за деца „Илина и шумските тролови“ во „Марко Цепенков“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Утре (15) март, од 12.00 часот во фоајето на ЦК „Марко Цепенков“, децата и нивните родители во Прилеп, ќе имаат уникатна моност за пријатна дружба со книгата „Илина и шумските тролови“ во присуство на авторката Хана Корнети. Присутните ќе имаат можност директно да поразговараат со авторката на книгата. Промоторка на книгата ќе биде Наташа Атананасова.

Замислете девојче кое има 11 години, а разбира можеби и повеќе од повеќето големи. И тоа девојче, замислете, раскажува толку заразно што без да трепнете чекате да видите каде ќе отиде и што ќе направи. Дали ќе замине на село со мајка ѝ иако е недела и е ден за корнфлекс и излежување, дали ќе го најдат селото Бабин Заб, дали вистина ама баш вистина запознава шумски трол кој се вика Папрат и кој му доаѓа како нејзина тролско-откачена верзија? И дали приказната на Папрат е за верување и авантурата на Илина за впуштање во неа и со неа…“ -пишува Атанасова во освртот кон книгата. 

Книгата „Илина и шумските тролови“ има неконвенционална и забавна нарација која ги руши некои од вкоренетите стереотипни модели за литературата за деца, модерен и често жаргонски израз, кои ја прават многу поблиска и поприемчива за детската читателска публика.

Ова е петти настан  кој се одржува во рамки на промотивно-едукативниот циклус „Процеп во процес“. Модератор на настанот ќе биде Александар Еленин.

 

 

а

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Повредената социјална работничка е вон животна опасност

Во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Прилеп денеска било пукано од пиштол во социјална работничка, вработена во прилепскиот центар. Жената (36 г) е хоспитализирана во Општата болница Прилеп има прострелна рана и е надвор од животна опасност, посочи Киро Јоноски, директор на ЈЗО Општа болница Прилеп. Жртвата, вработената во...

Пуканo во жена пред МЦСР – Прилеп

Страшна случка во Прилеп. Пукано, од огнено оружје сред бел ден врз жена,  вработена во МЦСР -Прилеп.  Настанот се случил околу пладне. Наводно пред МЦСР – Прилеп имало пукотници во кои една жена неофицијално го згубила животот, а има и побредени Ова се првични неофицијални информации. Полицијата веќе е на...

Илиоски : Важна е селекцијата на фудбалските таленти за квалитетен прилепски фудбал (ВИДЕО )

Во отворената програма РАДИОШТОСЕГЛЕДА , во сегментот СПОРТСКИ ЖУРНАЛ, разговаравме со прилепскиот фудбалски стратег Трајче Илиоски кој одлично го познава прилепскиот фудбал и долги години активно како тренер работеше и работи со фудбалските таленти во градов.Се разбира и во оваа прилика фудбалот некогаш , успесите тогаш и моменталната ситуација во...