Утревечер во Прилеп ќе биде отворена изложбата „Мотиви од Хераклеја“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Утревечер во ликовната галерија на  ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Мотиви од Хераклеја“ од битолскиот уметник Панде Петровски.  Со изложбата Центарот ја започнува реализацијата на годишната, обемна програма од областа на визуелните уметности, поддржана од Министерството за култура и туризам.

Овие слики на Панде Петровски полни се со интимност, спокој, благост, со чуден спој на светлината и одсјај од минатото, слики кои побудуваат носталгични чувства на вечното панта реи. Слики со автентичен порив исполнети со лирска имагинација и сензибилитет, слики кои ќе останат како препознатлив дел од творештвото на овој битолски ликовен креативец и неговиот комплетен ликовен израз-запишал поетот и новинар Панде Манојлов за делата на Петровски.

Панде Петровски е роден во 1939 година во Брусник, Битола. Завршил Педагошка акдемија во 1963 година со студиски престој во Италија.

Член е на ДЛУБ ( Друштво на ликовните уметници на Битола ), ДЛУМ ( Друштво на ликовните уметници на Македонија) и МНД ( Македонско научно друштво).

Соработувал со повеќе весници и списанија, а застапен е и во Антологиите на македонскиот и балканскиот афоризам.  Со создадените неколку илјади ликовни дела, започнувајќи од 1959 година кога ја отвора првата самостојна изложба во Клубот на резервните офицери ( Широк сокак – 137 ), досега има отворено над 40 индивидуални изложби во Македонија ( Битола, Кавадарци, Охрид, Скопје ), а исто така и во Србија, Шведска и Австралија.

Автор е на книгите:  „Бели мисли и размисли”( афоризми-2000 година), “Оаза на плачот” ( хуморески-2002 година), „Думи” ( афоризми и хуморески-2006 година) како и на монографскиот каталог „Срце куќа најширока” – 100 цртежи со мотиви од старата архитектура на нашите села. Автор е и на над стотина решенија на насловни страни и илустрации на книги за деца и возрасни, а изработувал и повеќе плакати, амблеми, меморандуми и сценографии. Во 2006 година ТВ “Орбис” го сними документарниот 36 минутен филм “Творечки предизвици”. Во 2009,2014 И 2017 година ја добива плакетата за најуспешен битолчанец од „Битолски весник”. Во 2010 година е застапен во монографијата “Значајни личности на Битола” – култура, а истата година ја добива и плакетата по повод  50 години МНД.

Од големиот број други награди и признанија позначајни му се: 4 Ноември на Општина Битола  1987 година, Специјална награда на 37. Светска галерија на “Остен” 2009 година и наградата “медијала” за творечки опус на Ликовно  книжевната колонија во вилата “Дајмонд” – Битола 2013 година, како и неколкуте награди на Струмичкиот фестивал за афоризам и карикатура.

Во 2014 е промовирана книгата „Од активата на Панде Петровски” од авторот Радован П. Цветковски. Во 2016 година му е промовирана МАПА-портфолио – метаморфози од едицијата светско културно наследство, од галеријата уметност на хартија Остен – Скопје, како и сертификат за истакнат карикатурист.

Во 2019 година ја отвора ретроспективната изложба 60 години творештво, кога од Друштвото на ликовните уметници од Битола ја добива наградата за животно Дело.

Во 2021 година добива награда за животно дело на манифестацијата “Избираме најуспешни битолчани” во организација на Битолски Весник, а во 2023 год и наградата за трајни вредности

Неговите дела се наоѓаат во Галеријата на современа уметност во НУ Завод и музеј – Битола,Галерија на современа битолска уметност во КИЦ Офицерски дом – Битола, Галеријата Остен – Скопје, роднокрајниот музеј на Хомоље во Жагубица – Србија, како и низ повеќе приватни и државни збирки во Европа, Австралија и Америка.

Во 2023 година во двата салони империјал I и II во КИЦ – Културно информативен центар – Скопје ја отвора самостојната изложба „Срце куќа најширока“ со над стотина цртежи од исто толку мотиви од старата архитектура на нашите села.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Законски измени, санкции и физичко обезбедување бараат вработените од МЦСР-Прилеп

Вработените од јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа-Прилеп, денеска во 12.30 часот одржаа мирен протест, по повод инцидентот кој се случи вчера попладнето, кога нивната колешка, социјална работничка беше застрелана од 50 годишниот А.Ј. бегалец од Психијатриската болница во Демир Хисар. Тие потенцираа дека сочувствуваат со нивната колешка на...

(ВИДЕО)МАЛКОСКИ: МИСЛЕВ ДЕКА НЕ Е ВИСТИНСКИ ПИШТОЛ!

Во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Прилеп вчера 24.03.2025 г, се одвивала вистинска драма. Само присебноста на вработените и на директорот, инстиктивните реакции за одбрана биле пресудни да не се случи трагедија предизвикана од напаѓачот познат на институцијата МЦСР Прилеп. Случајот во кој е вклучен напаѓачот А.Ј (50 г.) во...

Повредената социјална работничка е вон животна опасност

Во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Прилеп денеска било пукано од пиштол во социјална работничка, вработена во прилепскиот центар. Жената (36 г) е хоспитализирана во Општата болница Прилеп има прострелна рана и е надвор од животна опасност, посочи Киро Јоноски, директор на ЈЗО Општа болница Прилеп. Жртвата, вработената во...