Папазов ги посети мајките и првите новороденчиња во Општата болница – Кочани – И ги додели традиционалните подароци

На 1 јануари 2025 година околу 10:45 на Одделението за Гинекологија и акушерство во Општата болница – Кочани, Есенѓул Демирова од Виница го роди првото машко бебе, кое ќе го носи името Семин и е трета рожба во семејството Демирови. Трдиционално, како и секоја година, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов ги посети мајката и

На 6 – ти јануари – БАДНИКОВА ПОВОРКА ВО ГРДОВЦИ

Со благослов на свештеникот Илчо Миленковски оваа година за прв пат ќе има Бадникова поворка во Грдовци. Со макета на Витлеемската пештера која ја симболизира пештерата во која се родил Исус Христос, ѕвезди што ја симболизираат ѕвездата која ги водела тројцата мудреци до местото каде што бил роден Исус и пеејќи ја христијанската коледарска песна

Дочек на Новата 2025 година – Градскиот парк во Кочани полн со посетители и многу забава

Со организирана музичка програма, новогодишен огномет и многу забава, синоќа големиот број посетители во Градскиот парк во Кочани ја дочекаа Новата 2025 година. Публиката уживаше во настапите на Наташа Малинкова, Habana Breeze Band i Dj Sandex. Празничната музичка програма ќе трае до 14 јануари, а музички настан ќе се одржи и на 7 јануари Божиќ, со настап на пеачката Александра Јанева.

Се роди првото бебе во Кочани

Првото бебе во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кочани се роди денес на 01.01.2025 во 10:45 минути. Бебето е од машки пол, тешко е 3.770грама, долго е 51 сантиметри и е родено со Апгар 10/10. Голема благодарност до дежурната екипа на чело со д-р Илчо Атанасовски, д-р Адријана Лазарова, акушерките Дивна и Катерина.

Од денес нема да важат личните документи и возачките дозволи со старото уставно име

Од денес личните документи и возачките дозволи со старото уставно име нема да важат. Оние кои ќе бидат затекнати со стара возачка, ќе бидат санкционирани со парична казна од 100 евра. На пунктовите веќе подолго време не се забележува метеж, службите функционираат со полн капацитет, а процесот на замена тече без проблеми, велат од МВР.

Градоначалникот Љупчо Папазов на средба со одговорните служби – Новата 2025 година во Кочани дочекана во мирна атмосфера

Денеска, на првиот ден од Новата 2025 година, Градоначалникот Љупчо Папазов ги посети надлежните служби за редот и безбедноста за време на празниците, Полициската станица – Кочани, Територијалната противпожарна единица – Кочани и ЈЗУ Општа болница Кочани, кадешто им ја честита Новата 2025 година и се информираше за работата на службите во текот на новогодишната

Радио Кочани – Среќни Новогодишни и Божиќни Празници !!!

Измина уште една година за некого успешна,  за некои вообичаена, а други пак се незадоволни од текот на настаните изминативе 366 дена. Сепак едно е сигурно, сите без исклучок се надеваат на Среќна и успешна нова 2025 година, исполнета со многу љубов здравје и благосостојба. Што се однесува на професионален план Радио Кочани беше помеѓу

ФА „Љупчо Сантов“ го одржа традиционалниот новогодишен концерт

Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари по 23. пат го одржа новогодишниот концерт. Пред многубројната публика во салата во Оризари, членовите на ФА „Љупчо Сантов“ се претставија со разновидна програма – инструментална изведба на тапани, песни и ора. Премиерно беше изведен фрагмент од орото Малешевка, а концертот заврши со орото Комитска легенда. ФА „Љупчо Сантов“

Рудник САСА и за овие празници ја продолжи традиција на поддршка за локалната заедница и своите вработени

Покрај поддршката што ја дава во текот на целата година, во пресрет на новогодишните и божиќните празници Рудник САСА реализираше неколку активности со цел да ги награди своите вработени и да придонесе сите во локалната заедница да ја почувствуваат радоста на празниците. И оваа година сите вработени во Рудник САСА добија новогодишен бонус и пригодни

Дваесет и тројца стипендисти на Општина Кочани ги потпишаа договорите за користење на стипендијата

Дваесет и тројца студенти од Кочани денеска ги потпишаа договорите со Општина Кочани за користење на општинска стипендија за академската 2024/2025 година. Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов им ги додели договорите на студентите при што им посака успех во понатамошното студирање. – Се надеваме дека општинската стипендија е добра мотивација и поддршка за да

Џиџи Кидс Шоп – Сè што ви треба за вашите најмили на едно место!

Од облека и играчки до бебешка опрема и детски мебел – сè на едно место! За најниски цени и најквалитетни производи, посетете не. Џиџи Кидс Шоп – вашите деца, наш приоритет! Тука ќе најдете облека, играчки, бебешка опрема, детски маси, столчиња и многу други производи за вашите деца. Сè што ви е потребно за нивната

Фурна „Ла Вера“ – Кочани повторно се разгорува…

Фурна „Ла Вера“ – Кочани повторно се разгорува на новата локација, на ваше барање и на ваше задоволство. Уникатниот вкус создаден од печењето на дрва и жар, е незаменлив од дамнешни времиња и веднаш препознатлив. Во новиот објект кај Градскиот панаѓур, „Ла Вера“ започнува со нови, промотивни новогодишни цени. Побарајте не на 076/52-62-72 и со