Кочани и Скрадин потпишаа Повелба за соработка на Фестивалот на рижото

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

На 13 и на 14 септември, во Скрадин, Хрватска се одржа второто издание на Фестивалот за рижото, на кој присуствуваше в. д. градоначалникот Венко Крстевски со делегација од Општина Кочани.

На првиот ден од фестивалот беше потпишана Повелба за соработка помеѓу градот Скрадин и Општина Кочани, документ кој ги отвора вратите за гастрономско и културно пријателство помеѓу двата града и најавува идни заеднички проекти.

– Наша цел е Кочани да се фокусира кон туризмот, особено кон гастротуризмот. Посебно им благодариме на градоначалникот на Скрадин Антонио Брајковиќ, Дијана Катица од Одборот за туризам на Хрватска и на амбасадорка на Хрватска во Македонија, Нивес Тигањ, кои ги создадоа сите услови да започне новото партнерство меѓу Скрадин и Кочани, во кое клучна врска е оризот. Првично договоривме настап на Кочани на идниот Фестивал на рижото.

Оризопроизводителите од Кочанско ќе имаат можност за понуда на кочанскиот ориз на меѓународниот пазар.

Очекуваме новото партнерство да ја нагласи вредноста на меѓукултурната соработка и да создаде можности за нови гастрономски проекти – истакнува Крстевски.

В. д. градоначалникот Венко Крстевски и делегацијата ги посетија Шибеник и Сплит и имаа средби со претставници на македонската заедница во Хрватска.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Последниот ден од животот на Никола Карев во Рајчани – Предание што го чува и пренесува чичко Ангел

Селото Рајчани, оддалечено дваесетина километри од Кочани е последното пребивалиште на Никола Карев, пред неговата смрт на 27 април 1905 – та година во Свиланово. Рајчани се наоѓа на Осоговските Планини на надморска височина од нешто над 700 метри. Доколку се појде од Кочани, најпрвин се минува низ селата Бели, Нивичани и Пантелеј. Патот во

„Рото М“ и Ротари клубот Кочани-Виница донираа …

Како што наближува летната сезона, така и општествено одговорните компании и граѓански здруженија, акцентот го ставаат за подобрување на условите во противпжарните друштва, за навремено и доследно справување со евентуални пожари во регионов. По тој повод денеска во ТППЕ – Виница бевме сведоци на донација на противпожарно возило од македонско-словенечката компанија „Рото М“ и Ротари

Вечерва премиера на претставата “ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП” во режија на Гацовска во ЦК ” Бели мугри”

Вечерва во Кочани ќе се одигра премиерата на Детската театарска претстава „ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП“ во сопствена продукција на НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани. Претставата е приказна за најхраброто девојче кое живее по свои правила, во режија на Сања Гацовска. Играат членовите на драмското студио: Илина Дојчинов, Викторија Наунов, Петар Крстовски, Павел Стоименов, Леона Крстова,