Лишени од слобод двајца кочанчани, кај нив и во возилото биле пронајдени бела грутчеста материја и пари

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Две лица од Кочани, 26 – годишниот А.М и 25 – годишниот  Б.Д. се лишени од слобода затоа што при преглед на наплатната станица „Преод“, на автопатот Скопје-Штип извршен од страна на полициски слуќбеници од ОВР Свети Николе на 16 –ти овој месец, кај нив и во возилото во кое се превезувале, пронајдени се и одземени бела грутчеста материја и пари во различни апоени

Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информира денеска СВР Штип.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Последниот ден од животот на Никола Карев во Рајчани – Предание што го чува и пренесува чичко Ангел

Селото Рајчани, оддалечено дваесетина километри од Кочани е последното пребивалиште на Никола Карев, пред неговата смрт на 27 април 1905 – та година во Свиланово. Рајчани се наоѓа на Осоговските Планини на надморска височина од нешто над 700 метри. Доколку се појде од Кочани, најпрвин се минува низ селата Бели, Нивичани и Пантелеј. Патот во

„Рото М“ и Ротари клубот Кочани-Виница донираа …

Како што наближува летната сезона, така и општествено одговорните компании и граѓански здруженија, акцентот го ставаат за подобрување на условите во противпжарните друштва, за навремено и доследно справување со евентуални пожари во регионов. По тој повод денеска во ТППЕ – Виница бевме сведоци на донација на противпожарно возило од македонско-словенечката компанија „Рото М“ и Ротари

Вечерва премиера на претставата “ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП” во режија на Гацовска во ЦК ” Бели мугри”

Вечерва во Кочани ќе се одигра премиерата на Детската театарска претстава „ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП“ во сопствена продукција на НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани. Претставата е приказна за најхраброто девојче кое живее по свои правила, во режија на Сања Гацовска. Играат членовите на драмското студио: Илина Дојчинов, Викторија Наунов, Петар Крстовски, Павел Стоименов, Леона Крстова,