Делегација од Општина Кочани во посета на Шибеник

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Делегација од Општина Кочани, предводена од в. д. градоначалникот Венко Крстевски, го посети Шибеник, каде што оствари средба со градоначалникот Жељко Буриќ.

Чест ни е што започнуваме соработка и со Шибеник, кој од 2013 година е еден од најуспешните хрватски градови во користењето на фондовите на ЕУ.  Минатата деценија  Шибеник има искористено над 200 милиони евра од европските фондови, со што е трансформиран во град на туризам, претприемништво и зелени технологии. Цел ни е да ги зајакнеме нашите капацитети и се договоривме тим од Општина Кочани да добие обука од Шибеник за подготвување проекти за претпристапните европски фондови – информира в. д. градоначалникот Крстевски. 

Кочанската делегација ја прими и жупанот на Шибенско-книнската жупанија Пашко Ракиќ.

– Во нашиот округ имате искрен партнер. Сигурен сум дека Хрватска ќе ви биде голема поддршка на вашиот пат кон членство во Европската Унија – истакна Ракиќ.

Крстевски додава дека при средбите со официјалните претставници се разговарало за идејата за возобновување на соработката од седумдесеттите и осумдесеттите години меѓу Кочани и Шибеник, кога шибенички ученици зимуваа на Пониква, а кочански летуваа на хрватското приморје.

Делегацијата од Кочани беше придружувана од градоначалникот на градот Скрадин Антонио Брајковиќ, директорката на Туристичката заедница на Скрадин Бернарда Марасовиќ и претседателката на здружението „Клуб на членови на селото“ Дијана Катица.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Последниот ден од животот на Никола Карев во Рајчани – Предание што го чува и пренесува чичко Ангел

Селото Рајчани, оддалечено дваесетина километри од Кочани е последното пребивалиште на Никола Карев, пред неговата смрт на 27 април 1905 – та година во Свиланово. Рајчани се наоѓа на Осоговските Планини на надморска височина од нешто над 700 метри. Доколку се појде од Кочани, најпрвин се минува низ селата Бели, Нивичани и Пантелеј. Патот во

„Рото М“ и Ротари клубот Кочани-Виница донираа …

Како што наближува летната сезона, така и општествено одговорните компании и граѓански здруженија, акцентот го ставаат за подобрување на условите во противпжарните друштва, за навремено и доследно справување со евентуални пожари во регионов. По тој повод денеска во ТППЕ – Виница бевме сведоци на донација на противпожарно возило од македонско-словенечката компанија „Рото М“ и Ротари

Вечерва премиера на претставата “ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП” во режија на Гацовска во ЦК ” Бели мугри”

Вечерва во Кочани ќе се одигра премиерата на Детската театарска претстава „ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП“ во сопствена продукција на НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани. Претставата е приказна за најхраброто девојче кое живее по свои правила, во режија на Сања Гацовска. Играат членовите на драмското студио: Илина Дојчинов, Викторија Наунов, Петар Крстовски, Павел Стоименов, Леона Крстова,