Скоро сите следбеници на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Инстаграм“ добиваат пораки од лажниот профил на „АутоВелт“ со добри вести и честитки дека се победници и добитници на ексклузивна награда нов автомобил „Шкода Камик“. Понатаму од нив се бара регистрација, каде граѓаните треба да ги остават своите лични податоци кои понатаму се дел на измама и
Со последните кадровски решенија, Тоше Стојанов и Драганче Даневски веќе ги презедоа раководните функции во ОВР Кочани. Станува збор за полициски службеници со богато искуство и докажан професионален ангажман во досегашното работење. Тоше Стојанов е именуван за началник при ОВР Кочани, на позиција што ја презема по Филип Костовски. Во својата кариера, Стојанов има повеќе
Пред судот денеска сведочеше Дејан Манасиев, кој во минатото работел како шанкер во дискотеката Пулс. Тој изјави дека нема да се приклучи кон кривичниот прогон против обвинетите, но најави дека ќе поднесе оштетно побарување поради сериозните здравствени последици што ги трпи и речиси десет месеци по трагедијата. Манасиев посочи дека неговата здравствена состојба
Производителите на ориз од Кочани и Кочанско добиле најава дека новата цена на оризовата арпа до крајот на неделата ќе биде корегирана. Според нив, ова е резултат на остварената средба со надлежните од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Оризопроизводителите бараат цена од 27 денари за килограм арпа. Пред 7-8 дена тие се заканија со
ФА „Осоговски извор“ – Оризари вечерва во Домот на културата во Оризари го одржа третиот концерт со наслов „Во очи на Св. Атанасиј“. Поводот за организацијата претставуваше празникот „Св. Атанасиј“, кој се одбележува , денеска, 31 јануари. Фолклористите се претставија со стари музички изведби и обичаи од Осоговијата, а преполната сала беше најголемата потврда за
Со порака дека сеќавањето мора да добие трајна форма, Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба и уредување на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за 63 ангели“. Предлогот беше усвоен со 19 гласа „за“ и произлегува од иницијатива на Здружението „16 март 2025 Кочани“. Со одлуката, градоначалникот е овластен
Денес во Зрновци беше промовиран Карате клубот во основање Зрновци. Професор д-р Чедомир Саздовски, претседател на Унијата на карате ветерани на Македонија со видео проекција објасни кои се придобивките од вежбањето карате до вештината и на спортско карате. Саздовски се осврна и на историјата на каратето во салата на ОУ „Синиша Стоилов“ во Зрновци. Потоа
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) денеска поднесе Обвинителен акт против 13 полициски службеници до Основниот кривичен суд Скопје, во врска со пожарот во кабарето „Пулс“ во Кочани. По спроведената сеопфатна истрага која опфати вкупно 27 полициски службеници, обвинителството утврди дека тринаесетмината се теретат за кривично дело „Тешки
Семејството Јорданови и ЦК „Бели мугри“ подготвуваат проект од културата во чест и за спомен на Сара Јорданова, средношколка во кочанската Гимназија, која почина во трагедијата во „Пулс“ од 16 март минатата година. Станува збор за хуманитарна групна ликовна изложба насловена „Трага во бесконечноста“, со поднаслов „За децата, за животот, за трагата“. На изложбата ќе
ООУ „Никола Карев“ од Кочани ја освои наградата Најуспешно училиште во спорт за 2025 година, што претставува потврда за континуираната работа, посветеноста и тимскиот дух што се негува во училиштето. Зад овој значаен успех стои ангажманот на раководството и наставниот кадар, предводени од директорот Александар Андов и наставникот Оливер Јовановски, како и вклученоста на целиот
Пингу – новото слатко катче во Кочани. Кафе, сладолед, смути, милкшејкови и природни сокови на едно место. Уникатни комбинации од кафе и сладолед, смути и кафе, милкшејк со кафе и кафе со чизкејк. Прво и единствено слатко катче од ваков вид во градот. Локација: „Димитар Влахов“, во населбата Стришани, веднаш до кружниот тек. Модерно, топло