Концертот „Во очи на Св. Атанасиј“ на ФА „Осоговски извор“ повторно ги собра сите на едно место…

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

ФА „Осоговски извор“ – Оризари  вечерва во Домот на културата во Оризари  го одржа третиот концерт со наслов „Во очи на Св. Атанасиј“.

Поводот за организацијата претставуваше празникот „Св. Атанасиј“, кој се одбележува , денеска, 31 јануари.

Фолклористите се претставија со стари музички изведби и обичаи од Осоговијата, а преполната сала беше најголемата потврда за успешно организираната манифестација.

На настанот учествуваа  и АТМИ „Митко Алексов“ – Кочани, КУД „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица, како и  „Подарешани млади“ –  селото Подареш, Радовиш.

Инаку, ФА „Осоговски извор“ беше реактивиран во месец ноември 2023 година.

Денес ансамблот го сочинуваат млади музичари кои на професионален план ја негуваат македонската изворна музика.

Нивниот  успех го потврдуваат признанијата кои ги добиваат и овациите од страна на публиката.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Здружението „16 март 2025 Кочани“ го доби решението за изградба на меморијален простор во Стариот парк

Здружението „16 март 2025 Кочани“ официјално доби одлука од Општина Кочани со која им се одобрува користење простор во Стар парк за реализација на меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“. Овој простор ќе биде наменет за трајно одбележување на жртвите од трагичниот настан во дискотеката „Пулс“. Локацијата што е доделена за ова спомен-обележје зафаќа површина од

ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани: Повик за наддавање термини за спортската сала

Јавен повик за наддавање термини за користење на спортската сала во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани