Трага во бесконечноста – На 27 февруари во ЦК „Бели мугри“ хуманитарна групна изложба во чест на Сара Јорданова

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Семејството Јорданови и ЦК „Бели мугри“  подготвуваат проект од културата во чест и за спомен на Сара Јорданова, средношколка во кочанската Гимназија, која почина во трагедијата во „Пулс“ од 16 март минатата година.

Станува збор за хуманитарна групна ликовна изложба насловена „Трага во бесконечноста“, со поднаслов „За децата, за животот, за трагата“.

На изложбата ќе има поставка од дела насликани од Сара и од нејзината мајка Лидија Јорданова. Ќе можат да се купат репродукции од овие слики.

Исто така, ликовни уметници од градот и од различни делови на државата имаат најавено учество на оваа изложба со свои слики. Сеуште има време да се приклучат сите што имаат желба за учество. Се предвидуваат и други содржини…

Изложбата „Трага во бесконечноста“ ќе биде поставена во салонот на спратот во ЦК „Бели мугри“. Отворањето е предвидено за 27 февруари во 18,30 часот. Изложбата, која ќе има продажен карактер, во салонот на кочанската Национална установа ќе престојува до 6 март.

Средствата се наменети за деца без родители.

Уметноста зборува каде зборовите замолкнуваат – гласи пораката што ќе биде испратен од овој хуманитарен настан од културата посветен на Сара Јорданов, која во својот краток живот се бавеше и со музика. Таа беше член на првиот состав на бендот „Корка“, свиреше на тапани.

Сликаше за своја душа, креативец. Така ја опишуваат блиските од нејзиното опкружување.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Од 17 до 05 часот забрането движење и паркирање на дел од „Генерал Апостолски“ во Зрновци

За доследно почитување на одобрениот времен режим на сообраќај на дел од ул. „Генерал Апостолски“ во с. Зрновци, Општина Зрновци упатува сериозен апел и известување до сите граѓани, учесници во сообраќајот, сопственици на моторни возила и мотоцикли, локалното население за доследно и строго почитување на утврдениот и законски одобрен времен сообраќаен режим на дел од

Меѓународен турнир во фудбал „Пехчево куп 2026“

Викендов на Грдскиот стадион во Пехчево се одржа Меѓународниот младински турнир во фудбал „Пехчево куп 2026“ Вкупно 48 фудбалски екипи во пет возрасни категории ги одмерија силите во пријатен амбиент и одлична атмосфера. Покрај од Македонија имаше натпреварувачи и од Бугарија и од Албанија, а на крајот сите беа победници. Беа доделени пехари за најдобрите,